Јунска испитна сесија

Се известуваат студентите на ФОН Универзитет запишани на прв и втор циклус на студии дека јунската испитна сесија ќе се реализира во периодот од 18.06.2018 - 30.06.2018.

Уплатата за испитите и евентуална заостаната рата за школарина ќе се врши од 25-05-2018 до 05-06-2018.

Пријавувањето на испитите во системот за електронско пријавување ќе може да се реализира од 05-06-2018 до 13-06-2018. СТУДЕНТИТЕ КОИ НЕ ПРИЈАВИЛЕ НА ВРЕМЕ НЕМА ДА ИМААТ ПРАВО ДА ПОЛАГААТ ВО СЕСИЈАТА.

За пријавување на еден испит се уплатува 630 денари за тековната сесија a за заостанати испити од претходните сесии е 1510 денари.

Забелешка: се молат студентите да се придржуваат до роковите за плаќање на школарина. Во спротивно нема да може да пријават испити. Покрај електронската пријава, при полагање потребно е да подигнете и хартиена пријава од студентски прашања.

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?