Соопштение за студентите кои се во 4та година на студии

Почитувани,

Сите студенти кои се во моментов во 4та година е потребно да го направат следново:

Доколку не продолжувате во 5та година:

1. Доколку не продолжувате во 5та година, треба веднаш на студентски прашања да ги известите референтите, со цел да ви се промени статусот во 4та не продолжува 5та. Без промена на статусот, нема да имате можност да дополагате заостанати испити или пак да пријавите специјалистички труд.

2. Доколку не продолжувате во 5та година треба да се пријавите во архива и да одберете ментор за пишување на специјалистички труд. Ве потсетуваме за законските рокови за пријавување на специјалистички труд доколку не продолжувате во 5та година.

Доколку продолжувате во 5та година:   

1. Треба да поднесете изјава во архива дека продолжувате на магистерски студии и со изјавата да донесете уплатница од 18.510 денари најдоцна до 1 јули 2018. Студентите кои не поднеле изјава и уплатница, по автоматизам се смета дека не продолжуваат во 5та година и за нив не се обезбедуваат менторства. 

2. Заклучно со септемвриска сесија треба да имате 30 кредити од положени испити.

3. Имате право доколку до септември имате 30 кредити или сметате дека ќе добиете, да аплицирате за стипендија за магистерски студии. Депозитот за 5та година задолжително се плаќа до 1 јули 2018, а доколку добиете стипендија истиот се чува на вашиот индекс и може да го користите за испити или пријава на магистерски труд. Аплицирајте на овој ЛИНК

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?