Известување за студентите на прв циклус на студии

Почитувани,

Најпрво дозволете да Ви посакаме успех во Јунската сесија а потоа и пријатни летни и заслужени одмори.

Би сакале да Ве информираме за неколку административни работи, со цел Вашето студирање да тече глатко и без административни и академски проблеми.

  1. Студентите согласно законот за високо образование и ЕКТС правилникот за студирање се должни заклучно со септемвриската сесија да обезбедат минимум 30 кредити за да ја продолжат следната академска година. Оставаме на вас да го дизајнирате Вашето образование по Ваша мерка и избор
  2.  
  3. Студентите се должни најдоцна до 1 јули 2018 г. да го уплатат депозитот од 300 евра за следната академска година. Ве замолуваме да го испочитувате рокот, во спротивно се постапува согласно договорите за студирање. И блокирање на понатамошниот тек на студии, согласно позитивните законски прописи од Законот за високо образование и законот за финансиска дисциплина.
  4.  
  5. Септемвриската испитна сесија ќе започне на 10 септември и ќе трае заклучно со 14 септември.
  6.  
  7. Во текот на летниот период Универзитетот ќе функционира од 09 до 15 часот, доколку имате дополнителни прашања нашите дежурни служби Ви стојат на располагање на следниов начин:
  8.  
    1. Емаил: info@fon.edu.mk
    2. Централа 02 2 44 55 03 или 070 345 999
    3. Сметководство 02 2 44 56 06 или 02 2 44 55 14
    4. Професорите може да ги контактирате на нивните службени емаил адреси кои се поставени на www.fon.edu.mk во делот Наставен кадар.

Со срдечна почит, Ваш

ФОН Универзитет

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?