Трансфер на студенти во зимски семестар 2018-2019

Универзитетот ФОН врши трансфер на прв циклус на студии на следните факултети во состав на ФОН Универзитетот:

 

- Факултет за економски науки

- Факултет за правни науки

- Факултет политички науки и дипломатија

- Факултет за детективи и безбедност

- Факултет за странски јазици

- Факултет за дизајн и мултимедија

- Факултет за информатика

- Факултет за спортски менаџмент

- Архитектонски факултет

• Право на трансфер на студиите од други високообразовани установи од Р. Македонија и од странство, на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, имаат студенти кои запишале најмалку еден семестар во институцијата од каде што трансферираат.

• Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа.

• Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование. Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 1 септември 2018.

Потребни документи за аплицирање за трансфер и упис:

Приемен лист (образец од ФОН Универзитет);

Исписница од високообразовната установа од која се врши трансферот;

Уверение за положени испити;

Диплома за завршено средно образование и сведителства од сите години (за трансфер и упис на прв циклус студии),

Уплатница во висина на половина од школарината согласно студиската година во која се запишува студентот.

Извод од матична книга на родените;

Уверение за државјанство.

Чинењето на студии во зависност од студиската година во која се трансферира студентот се пресметува на следниов начин и изнесува половина од годишната школарина која ја плаќа студентот.

1. Школарината за студентите кои трансферираат односно се запишуваат во прва година согласно признаените испити изнесуваа 600, 800 или 1000 евра годишно согласно постигнатиот успех во средно образование на следниов начин: 

    - Просек од средно од 4.00 до 5.00 -  600 евра школарина
    - Просек од средно од 3.00 до 4.00 - 800 евра школарина
    - Просек од средно под 3.00 - 1000 евра школарина


2. Школарината за студентите кои се запишуваат во втора година согласно признаените испити изнесува 800 евра школарина


3. Школарината за студентите кои се запишуваат во трета година согласно признаените испити изнесува 1000 евра школарина.

Информации може да добиете секој работен ден од 09 до 15 часот на студентски прашања или 02 2 44 55 55 и 070 345 999

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?