Запишување на зимски семестар за прв и втор циклус

Во периодот од 13 до 20 декември 2018, студентите на прв и втор циклус на студии треба да поднесат семестрални листови и да извршат упис на зимски семестар 2018-2019.


Запишувањето на семестар се врши со семестрален лист на студентски прашања и доколку се подмирени сите финансии по однос на школарина, согласно договорите за студирање. Семестрален лист се подигнува во библиотека или во студентски прашања, со платена административна државна таксена марка по СМС на тел. број: 144 166 со текст: TM (празно место) (Ime Prezime на латиница) (празно место) 50.

Студентите кои нема да го запишат семестарот во горенаведениот рок, се задолжуваат со казна од 50 евра.


Студентите треба да извршат контрола на своите финансии и досие во електронскиот индекс и доколк имаат неточни или некомплетни податоци треба да ги известат студентски прашања. Доколку имате дополнителни прашања може да се обратите на 02 2 44 55 55 или за финансии на 02 2 44 55 14 и 02 2 44 56 06

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?