Користење на електронски индекс

Почитувани студенти,

На вашите телефонски броеви кои сте ги оставиле во систем испратени ви се корисничкото име и првична лозинка за пристап до вашиот електронски индекс.

Ве замолуваме да ги следите следниве упатства:

1) По добивањето на вашето корисничко име и лозинка е потребно да го направите следново и детално да ги прочитате сите линкови кои се однесуваат на вашиот е-индекс, кој е ваша студентска легитимација. Доколку не сте добиле корисничко име и лозинка треба да се обратите на support@fon.mk со вашето име и презиме и матичен број. 

2) Најпрво се упатувате на вашиот службен емаил кој истовремено се користи и како корисничко име за најава на студентскиот индекс. Одите на mail.fon.mk и тука ги внесувате вашиот емаил и првичната лозинка која ја добивте по СМС. Веднаш потоа системот ќе побара да ја смените лозинката и да внесете ваша. Лозинката мора да содржи голема буква, бројка и еден специјален знак (пример @ # % ! ?) и да е најмалку 8 карактери долга.

3) Откако сте се најавиле на студентскиот емаил, треба да одите на студентскиот портал (student.fon.edu.mk) пожелно е да го ставите во букмарк линкот. 

4) Ќе се отвори вашето електронско досие.

5) За секоја следна најава како корисничко име ќе го користите службениот емаил и лозинката која сте ја внеле за службениот емаил.

6) Точка по точка упатство може да го преземете и зачувате од овој ЛИНК 

7) Во случај на нејаснотии или пак проблеми или пак заборавена лозинка секогаш може да го контактирате IT тимот на support@fon.mk

8) Сите колоквиуми и испити ги пријавувате преку електронскиот индекс

9) Ве потсетуваме дека треба да запишете зимски семестар, упатство како тоа да го направите имате на следниов ЛИНК

10) Сите информации поврзани со вашите студии ќе ги добивате навремено во форма на СМС, известување на интернет страницата во делот Соопштенија и преку социјалните медиуми.

ФОН на FACEBOOK> https://www.facebook.com/FONUniversity/

ФОН на TWITTER> https://twitter.com/fonuniversity

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?