Информација за прво тестирање за кандидати за стипеднии за магистерски

ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДЕТАЛНО ДА ГИ СЛЕДИТЕ ЧЕКОРИТЕ И ОБЈАСНУВАЊАТА!
 
  1. Првиот тест е електронски и е стручен од областа на факултетот кој сте го одбрале за магистерски студии. Подготовка не е потребна, туку е насочен да го истестира генералното познавање од материјата која сте ја совладале за време на Вашите додипломски студии.
  2. Електронскиот тест ќе го добиете на два начина. По Емаил и во форма на СМС како линк. Препорака е да го решавате тестот на компјутер, но можете и преку вашиот мобилен телефон. Потребно е да имате обезбедено стабилна интернет конекција.  Доколку заради технички проблеми од ваша страна и нестабилна интернет конекција, Универзитетот не одговара за техничките проблеми.
  3. Првото тестирање се состои од 20 прашања по случаен избор со одбирање на точниот одговор. Секое прашање носи по 2,5 поени
  4. Вкупно 50 поени може да се освојат од првиот тест.
  5.  30 поени носи вашиот успех од додипломски студии односно завршен циклус со 240 кредити (Пример ако вашиот просек бил 10.00  се множи со коефициент 3 т.е 10х3 = 30 максимум поени)
  6. 20 поени ќе носи интервјуто кое ќе биде спроведено со Универзитетска комисија.
  7. 50 максимум поени од тестирање, 30 максимум поени од додипломски студии со 240 кредити и максимум 20 поени од интервју = 100 поени. Од вкупно 100 поени ќе се изврши бодовно рангирање на сите кандидати, по факултети по следниов принцип (Целосна стипендија, стипендија до 1500 евра, стипендија до 1000 евра, стипендија од 500 евра) Магистерските студии на ФОН Универзитет односно 5та година на студии изнесува 2000 евра. Доделената делумна стипендија од (1500, 1000 и 500 евра) се одбива од востановената школарина од 2000 евра. На пример студент кој добил делумна стипендија од 1500 евра, е должен да се запише со школарина од 500 евра за магистерски студии.
  8. За одговарање на прашањата ќе имате на располагање 20 минути, од почеток на тестот. По ова системот автоматски се затвора.
  9. Резултатите секој кандидат ги добива назад на емаил адресата која ја оставил во системот. (ВНИМАВАЈТЕ ПРИ НАЈАВА ВО СИСТЕМОТ ДА ГО КОРИСТИТЕ ИСТИОТ EMAIL НА КОЈ ГО ДОБИВТЕ МАИЛОТ СО ЛИНК ДО ТЕСТОТ)
  10. Втората фаза ќе бидат интервјуата на кои ќе треба со вас да донесете ФОТОКОПИИ од Вашите уверенија за дипломирање на кои треба да е содржан просекот од вашите додипломски студии со 240 кредити, или кај студентите кои завршиле и дипломирале со 180 кредити а потоа специјализирале треба да ги имаат двете уверенија)
  11. Линковите за тестовите ќе ги добиете помеѓу 18 и 19 часот во Понеделник на 29 октомври. (доколку има доцнење на маилот, линковите заради вашите маилови, ќе ги добиете и во форма на СМС) Тестот автоматски ќе стартува точно во 19 часот. Напоменуваме уште еднаш дека имате на располагање 20 минути од кликнување и регистрирање за почнување на тестот до неговото завршување.
 
Во случај на нејаснотии Ви стоиме на располагање во работни денови на fonstipendii@fon.edu.mk, 02 2 44 55 03, 02 244 55 55 или 070 345 999.
 
Овој емаил претставува и формално правна обрска помеѓу кандидатите и ФОН Универзитет.
 
Со почит, 
ФОН Универзитет

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?