Прв колоквиум за зимски семестар 2018-2019

Почитувани колеги,

Динамиката за полагање прв колоквиум за прв циклус ќе се одвива на следниов начин:

Колоквиумската недела ќе се спроведе од 10.11.2018 до 17.11.2018. 

Пријавување на колоквиумите ќе биде од 01.11.2018 до 08.11.2018


Колоквиум чини 460 денари

Уплатите се вршат во банка на депонентната сметка на Универзитетот: 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка.

На уплатницата е задолжително читко да биде испишано вашето име и презиме како и вашиот матичен број и точно објаснување дали уплаќате за колоквиум или рата за школарина.

Откако ќе ги платите колоквиумите, истите ги пријавувате следниот ден (на банките им се потребни 24 часа за да ги префрлат средствата на вашиот електронски индекс).

Пријавувањето на колоквиумите се врши ИСКЛУЧИВО преку вашиот електронски индекс. Детално упатство за користење на електронскиот индекс имате на следниов ЛИНК. Доколку имате проблеми со најава ве замолуваме да се обратите на support@fon.mk 

Полагањето на колоквиумите ќе биде согласно распоредот кој ќе биде објавен на интернет страницата на ФОН во делот Распореди.

ПРЕПОРАКИ:

- Ве молиме да не чекате до последен датум за уплата на ратите за школарина и колоквиуми. На банките понекогаш им се потребни неколку дена да ги реализираат финансиите и истите нема да бидат веднаш видливи во вашиот електронски индекс.Доколку не се видливи, вие не можете да пријавувате испити и колоквиуми.

- Датумите за пријавување на колоквиуми во електронскиот систем се фиксни односно од  01.11.2018 до 08.11.2018.

Студентите кои нема да го почитуваат рокот за пријавување нема да може да полагаат во колоквиумската сесија.

- Доколку во вашиот електронски индекс не ви е овозможено од било која причина да пријавите колоквиум, тогаш треба да се обратите на студентски прашања. Последниот ден за пријавување на студентски прашања е 8.11. 2018.

Информации за вашите финансии можете да добиете и телефонски на 02 2 44 55 14 или 02 2 44 56 06

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?