Известување за запишаните студенти во 4та година 2017-2018

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека доколку сте одлучиле да продолжите во 5та година на студии односно на Магистерски студии треба да го направите следново:

1. Доколку сте аплицирале и сте добиле стипендија за 5та година:

- Потребно е да се јавите во сметководство на 02 2 44 55 14 или 02 2 44 56 06 и да побарате промена на вашиот модел на плаќање согласно доделената стипендија.

- Да го имате подмирено депозитот за школарина во висина од 30.850 денари

- Да се упатите на студентски прашања и да запишете 9ти семестар.

2. Доколку немате добиено стипендија, по автоматизам вашиот модел на плаќање е 2000 евра 

- Потребно е да се јавите во сметководство на 02 2 44 55 14 или 02 2 44 56 06 и проверите дали вашиот депозит е внесен и моделот на плаќање.

- Да го имате подмирено депозитот за школарина во висина од 30.850 денари

- Да се упатите на студентски прашања и да запишете 9ти семестар.

3. Доколку останувате во 4та година треба да побарате веднаш на студентски прашања да се смени вашиот статус во 4та не продолжува 5та, со цел да може да полагате испити и да пријавите специјалистички/дипломски труд.

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?