Февруарска испитна сесија

Ве известуваме дека Февруарската испитна сесија ќе се организира во периодот од 11.02.2019 заклучно со 18.02.2019 год. 

Пријавувањето на испитите преку електронскиот индекс ќе се врши од 01 до 07 февруари 2019.

Заради зимскиот распуст, Консултација со предметните професори ќе може да се изврши од 8 до 17 јануари 2019. Или по емаил. Ве замолуваме периодот од 8 до 17 јануари да го искористите за да обезбедите литература и да се консултирате со вашите професори.

Се напоменува дека студентите кои нема да ги имаат подмирено своите заостанати трошоци и трошоци по однос на школарина нема да може да пријавуваат испити. Крајниот рок за уплати е 1 февруари 2019.

Уплатата за испит изнесува 630 денари за испит од тековен семестар односно 1510,00 денари за испити од претходни учебни години.

Уплатата за школарина, семестрални трошоци и испити се врши на посебни уплатници на жиро сметката на ФОН 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка

Редовните студенти кои не положиле на колоквиуми, треба да пријават испит во Февруарска сесија.

Студентите кои се по прв пат запишани на втор циклус на студии, треба да ги почитуваат роковите и протоколите за пријавување на испит во електронскиот индекс во горенаведениот рок. 

Студентите кои ја користат Февруарска испитна сесија за дипломирање, специјализирање или магистристрирање согласно законските рокови, треба да го организираат своето време заради консултации и комуникација со своите професори и ментори.

Студентите на кои им поминал апсолвентски/специјалистики/магистерски стаж, треба да се обратат до своите Декани заради продолжување на истиот доколу полагаат или пријавуваат испити пред сесијата. И да се обратат до студентски прашања. Потсетуваме дека заради зимскиот распуст се работи од 08 до 17 јануари. А се до 04 февруари се работи со скратно работно време и дежурства.

Распоредите за испити се објавуваат на интернет страницата на ФОН во делот РАСПОРЕДИ.

Сите студенти кои користат VIBER може да се вклучат на каналот на ФОН Универзитет и да ги добиваат сите универзитетски информации веднаш, со кликнување на овој ЛИНК 

Ве потсетуваме дека пред испит треба да си подигнете хартиена пријава и тетратка за испит од униврзитетската копирница или студентски прашања.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?