Проф. д-р Љубомир Д. Фрчковски нов декан на Факултетот за правни науки

Ве известуваме дека од 1 март 2019 Проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчковски ќе биде декан на правниот факултет.

Љубомир Данаилов Фрчкоски, (роден на 2 декември 1957 во Скопје), е македонски политичар. Фрчкоски е професор по меѓународно право, меѓународни односи и Современи политички теории.

Љубомир Фрчкоски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1981. Во 1986 година магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а со титулата доктор на науки се стекнал на Универзитетот „Едвард Кардељ“ во Љубљана во 1989 година.

Фрчкоски бил еден од експертите вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991, како и на амандманите на Уставот од 2001 година. Од 1994 година, тој бил член на IFRI, Францускиот Институт за меѓународни односи.

Фрчкоски, исто така е член на Асоцијацијата за меѓународно право- Скопје и. поранешен генерален секретар на Форумот за човекови права. Во 2002 година, бил избран за член на ECRI при Советот на Европа.

Во периодот од 1991 до 1997 година бил министер во владата на Бранко Црвенковски. Така, до 1992 година бил министер без ресор, од 1992 до 1996 бил Министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 година Министер за надворешни работи.

Од 2000 до 2001 година, Фрчкоски бил именуван на функцијата извршен директор на Фондацијата за стратегиски истражувања Киро Глигоров.

Освен ова, тој бил и Советник на Претседателот на Република Македонија за уставни прашања и прашања од областа на човековите права од 2000 година, како и кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на изборите одржани на 22 март 2009.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?