Продолжена мартовска испитна сесија

Ве известуваме дека продолжената мартовска испитна сесија ќе се организира во периодот од 18.03.2019 заклучно со 22.03.2019 год. 

Пријавувањето на испитите преку електронскиот индекс ќе се врши од 08 до 15 март 2019.

Се напоменува дека студентите кои нема да ги имаат подмирено своите заостанати трошоци и трошоци по однос на школарина нема да може да пријавуваат испити. 

Уплатата за испит изнесува 630 денари за испит од тековен семестар односно 1510,00 денари за испити од претходни учебни години.

Уплатата за школарина, семестрални трошоци и испити се врши на посебни уплатници на жиро сметката на ФОН 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка

Распоредите за испити се објавуваат на интернет страницата на ФОН во делот РАСПОРЕДИ.

Ве потсетуваме дека пред испит треба да си подигнете хартиена пријава и тетратка за испит од униврзитетската копирница или студентски прашања.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?