Церемонија за доделување дипломи 2019

Ве известуваме дека на 17.04.2019 (Среда) со почеток во 12 часот на Универзитетот ФОН во Скопје ќе се одржи церемонија за доделување на дипломи за оние кои дипломирале, специјализирале и магистрирале во перидот помеѓу 01.01.2018 и 01.01.2019

Листата на дипломци може да ја погледнете со кликнување на овој ЛИНК

Доколку сте дипломирале, специјализирале и магистрирале во перидот помеѓу 01.01.2018 и 01.01.2019 а не се наоѓате на листате треба веднаш да испратите маил на biljana.radulovic@fon.edu.mk

Важно:

Студентите треба да дојдат еден час пред почетокот на церемонијата за да ги облечат свечените тоги и со себе да понесат уплатница со 1200 денари уплатени на жиро сметката на ФОН Универзитет со назнака - За диплома.  

Студентите кои ќе носат тога треба да доплатат дополнителни 1200 денари.

Студентите може трошоците да ги платат и пред почетокот на церемонијата во аулата на универзитетот.

Ве известуваме дека заради распоредот на доделување на дипломите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да го потврдите вашето присуство на 02 2 44 55 03 или 070 345 999  или info@fon.edu.mk, НАЈДОЦНА до 15.04.2019 (Понеделник).

Доколку не го потврдите Вашето присуство, нема да бидете на списокот за доделување и нема да може да облечете свечена тога.

Воедно Ве известуваме дека пред и по завршување на свечената церемонија во аулата на Универзитетот во тек ќе биде саемот за кариера и вработување во најголемите компании во Македонија.

Со почит,

ФОН Универзитет

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?