Прв колоквиум за летен семестар 2018-2019

Динамиката за полагање прв колоквиум за прв и втор циклус за летниот семестар 2019 ќе се одвива на следниов начин:

Колоквиумската недела ќе се спроведе од 30.03 до 06.04  2019. 

Уплаќање за ратата за школарина како и за пријавување колоквиуми се врши од 25.03 до 28.03 2019.

Колоквиум чини 460 денари

Полагањето на колоквиумите ќе биде согласно распоредот кој ќе биде објавен на интернет страницата на ФОН во делот Распореди.

ПРЕПОРАКИ:

- Ве молиме да не чекате до последен датум односно 28 март за уплата на ратите за школарина и колоквиуми. На банките понекогаш им се потребни неколку дена да ги реализираат финансиите и истите нема да бидат веднаш видливи во вашиот електронски индекс. Доколку не се видливи, вие не можете да пријавувате испити и колоквиуми.

- Датумите за пријавување на испити и колоквиуми во електронскиот систем се фиксни  Студентите кои нема да го почитуваат рокот за пријавување нема да може да полагаат во колоквиумската сесија. Последен датум за пријавување колоквиум е 29 март 2019

- Не придржувањето кон динамиката за плаќање на школарината и навремено запишување на семестрите, повлекува автоматско префрлање на вашиот статус на студент во СПОРЕН.

- Доколку во вашиот електронски индекс не ви е овозможено од било која причина да пријавите колоквиум, тогаш треба да се обратите на студентски прашања.

Информации за вашите финансии можете да добиете и телефонски на 02 2 44 55 14 или 02 2 44 56 06

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ИСКЛУЧИВО ПРЕКУ ВАШИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ИНДЕКС со кликнување на овој линк: http://fon.edu.mk/content.aspx?cid=426

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?