Конкурс за вработување на студентски прашања и правна служба

Универзитетот ФОН распишува конкурс за вработување за еден извршител во Правна служба

  1. Покрај општите услови предвидени за Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуват и следните услови: 
    1. Дипломиран правник (Најмалку 240 кредити)
    2. Активно познавање на Англиски јазик (потребен е сертификат)
    3. Активно познавање на MS Office пакетите
    4. Предност имаат кандидатите со положен правосуден испит или нотарски испит

      Потребна документација:
  2. Уверение за дипломирање (скенирано)
  3. Сертификати за потребните вештини (скенирано)
  4. CV на Македонски јазик 
  5. Документацијата се испраќа електронски на info@fon.edu.mk
  6. Конкурсот трае до 10.04.2019
  7. Кандидатите кои ги исполнуваат формалните услови ќе бидат повикани на интервју
  8. Ненавремено доставените пријави и со непотполна документација нема да бидат разгледувани

Универзитетот ФОН објавува оглас за вработување за двајца извршители на позиција – референт на студентски прашања, на главниот кампус на ФОН во Скопје.

Апликантите треба да ги имаат следните квалификации:

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

·       Дипломирани со најмалку 180 кредити

·       Најмалку 2 години искуство во областа на административно работење;

·       Напредно познавање на MS Office;

·       Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална;

·       Систематичност, организираност и иницијативност;

·       Флексибилност и насоченост кон изнаоѓање на решенија;

·       Познавање на Албански и Англиски јазик ќе се смета за предност

Одговорности и работни задачи:

·       Дневна комуникација со студентите

·       Водење на електронскиот индекс на студентите

·       Водење на студентските досиеа

·       Изготвување на периодични извештаи за работата

Конкурсот е отворен 10.04.2019.

Апликантите своите CV-а треба да ги испратат на info@fon.edu.mk. Со назнака “За работна позиција во студентски прашања”. Апликантите ќе бидат повикани на интервју.  

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?