Д-р Стаменкоска дел од ТЕСОЛ Конвенција во Атланта, САД.

Во март 2019, доцент д-р Искра Стаменкоска и м-р Александра Поповски-Голубовиќ (Претседател на ЕЛТАМ - Здружение на наставници по англиски јазик во Македонија) учествуваа на меѓународната ТЕСОЛ Конвенција во Атланта, САД. ТЕСОЛ е најголемата меѓународна асоцијација за наставници по англиски како втор/странски јазик која нуди професионален развој, стручно усовршување и одлични можности за мрежно поврзување.

Оваа година, на конвенцијата учествуваа преку 6 000 учесници од земји од целиот свет, со преку 1000 презентации и обуки. Доцент д-р Стаменкоска и м-р Поповски-Голубовиќ ја претставуваа програмата Графички романи 101, проект под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје и Регионалната канцеларија за англиски јазик во Белград.

Во текот на трите години колку што беше активна, оваа програма вклучи околу 70 ученици од средните училишта во Скопје и Струга, а претставуваше пионерски потфат со кој за прв пат беше воведен жанрот графички романи во едукативен контекст во нашата држава.

Во оваа прилика ви сакале јавно да им се заблагодариме на Амбасадата на САД во Скопје и Регионалната канцеларија за англиски јазик во Белград за нивната поддршка на програмата. Доцент д-р Стаменкоска и м-р Поповски-Голубовиќ беа единствените претставници на Република Северна Македонија на ТЕСОЛ Конвенцијата оваа година.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?