Саем за кариера и вработување 2019

Почитувани,

Годинава повеќе од 80 компании од цела држава од сите бизнис сектори ќе бидат присутни на саемот за кариера на ФОН Универзитет, кој ќе се одржи во Среда 17.04.2019 од 10 до 14 часот.

Компаниите преку нивните човечки ресурси ќе прават регрутација на идни вработени а студентите ќе може  да се запознаат со можностите за пракса, краткорочни и долгорочни вработувања.

Препорачуваме сите студенти да ги подготват своите CV-a во најмалку 20 копии. И при посета на штандовите на компаниите да ги достават истите заедно со формуларите за вработување и пракса. 

Штандовите на компаниите ќе бидат поставени на главното плато пред студентскиот дом. 

Ве повикуваме да присуствувате и да ги отворите патиштата кон реализација на вашите сонови. 

Детали може да прочитате на Facebook настанот на овој линк: https://www.facebook.com/events/597445970728557/

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?