Депозити и обезбедување услов за повисока година на студии

Би сакале да Ве информираме за неколку административни работи, со цел Вашето студирање да тече глатко и без административни и академски проблеми.

  1. Студентите согласно законот за високо образование и ЕКТС правилникот за студирање се должни заклучно со октомвриската сесија да обезбедат минимум 30 кредити за да ја продолжат следната академска година. Оставаме на вас да го дизајнирате Вашето образование по Ваша мерка и избор.
  2. Во тек е уплата на депозитот од 300 евра (18.510 ден) за следната академска година. Ве замолуваме да го испочитувате рокот. Студентите кои не ги почитувале роковите нема да може да полагаат во следните сесии.
  3. Септемвриската испитна сесија ќе започне на 10 септември и ќе трае заклучно со 24 септември.
  4. Во текот на летниот период Универзитетот ќе функционира од 09 до 15 часот, доколку имате дополнителни прашања нашите дежурни служби Ви стојат на располагање на следниов начин:

 

  1. Емаил: info@fon.edu.mk
  2. Централа 02 2 44 55 03 или 070 345 999
  3. Сметководство 02 2 44 56 06 или 02 2 44 55 14
  4. Професорите може да ги контактирате на нивните службени емаил адреси кои се поставени на www.fon.edu.mk во делот Наставен кадар. 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?