Студентски кредити за студентите на ФОН

Универзитетот ФОН и Халк Банка, во рамките на своите стратегии за унапредување на знаењето и помош во образовниот процес, потпишаа протокол за соработка и разбирање.

На идните студенти на ФОН Универзитет им се овозможува да добијат по брза постапка студентски кредит за студии со 0% каматна стапка, односно Универзитетот ја плаќа каматата за кредитот. Студентскиот кредит изнесува до 240.000 денари. 

На овој начин ќе се овозможи растеретување на домашниот буџет на родителите и идните студенти. Притоа овозможувајќи врвни студии на сите меѓународно акредитирани факултети.

Во студентскиот пакет Халк банка и ФОН на идните студенти ќе им овозоможат бесплатно:

- Дебитна картичка со можност за подигнување готовина од сите банкомати и сите банки во земјата и странство

- Бесплатно електронско банкарство

- Бесплатна мобилна апликација

- Без трошоци за водење на трансакциска сметка

Начинот на отплата е до 12 месеци на еднакави месечни рати со грејс период од 6 месеци.

Дополнителни информации и формулари идните студенти може да добијат на ФОН Универзитет или во некоја од експозитурите на ХАЛК Банка.

Инвестирај во знаењето! Учи повеќе, биди повеќе!

Деталите за конкурсот за студии може да го прочитате на овој ЛИНК

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?