НАТО Караван Дебата со студенти: „Безбедна младина, посигурна иднина“ ФОН Универзитет – Скопје

Организатор: Инфо центар за евроатлантски интеграции

Датум: 11 декември 2019 (среда), почеток: 10:00 часот

Локација: ФОН Универзитет, Скопје

Говорници:

                1. Н.Е Стево Пендаровски, Претседател на РС Македонија.

                2. Н.Е Рејчел Галовеј, Амбасадор на Велика Британија во Скопје

Модератор: г-дин Дарко Алексов (МОСТ)

Концепт на настанот:

Настанот ќе го отвори модераторот кој ќе ги поздрави присутните и ќе ги претстави говорниците. Поздравно обраќање ќе има претставник од ФОН Универзитетот, Ректорот проф. д-р Нано Ружин, потоа секој од говорниците ќе има по 15-20 минути свое излагање, по што е планирана сесија на прашања, одговори и дискусија со студентите.

Целта на настанот е да се поттикне дебата за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО. Идеата е настанот да им понуди можност на студентите да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции, придобивките од членството во НАТО, улогата која НАТО ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

Инфо центарот за евроатлантски интеграции како организатор на настанот и одговорен за целокупната логистика поврзана со организацијата на овој настан.

Настанот ќе биде од отворен тип и на него ќе се поканети да присуствуваат студентите од ФОН Универзитетот од сите научни дисциплини.

Настанот ќе биде сниман од страна на организаторот како подоцна би се креирале кратки видеа од истиот.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?