ИНФОРМАЦИЈА за мобилности за програмата ERASMUS + за академската 2019/2020

Канцеларијата за меѓународни односи Ве поканува за изразување интерес за мобилности

за академската 2019/2020 година во рамките на Програмата Erasmus +.

Повикот се однесува за клучната акција 103: индивидуална мобилност за учење и вклучува:

- мобилност на студенти за студирање и стажирање

- мобилност на академски и административен кадар за настава и обука

Tраење на мобилноста:

1. За студенти: еден семестар или една академска година (студентите може да реализираат мобилност од вкупно 12 месеци по циклус)

- право на пријавување за мобилност студирање имаат редовни студенти на прв циклус (со запишан најмалку трет семестар во моментот на започнување на мобилноста), втор или трет циклус

- право на пријавување за мобилност за стажирање имаат и студенти што дипломирале во годината на објавување на повикот

2. За кадри: пет работни денови со минимум осум часови настава

Постапка за пријавување

Студентите заинтересирани за мобилности за програмата ERASMUS + за академската 2019/2020 може да се пријават во Канцеларијата за меѓународна соработка на ФОН и да пополнат соодветен формулар. Истата постапка се однесува и на академскиот и административниот кадар.

Собраните податоци ќе послужат за поуспешно пополнување на апликацијата за учество на ФОН во клучната акција КА103 на ERASMUS + која треба да се приложи во Националната агенција за европски образовни програми до 5 февруари 2019.

 

Канцеларија за меѓународна соработка

ФОН Универзитет

За повеќе информации:

- Просторија: 202 - Инес Ристовиќ

- Мобилен: 072 253 405

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?