ПОВИК ЗА ТРУДОВИ Современи предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство

Универзитет ФОН, Скопје, Северна Македонија

во партнерство со

Институт за Социо-Културна Антропологија на Македонија,

Скопје, Северна Македонија

МИРАС – Општествена организација во насока на поддршка на изучувањето на

културното наследство,

Баку - Азербејџан

ВСТИМ Колеџ за туризам и менаџмент

Коњич, Босна и Херцеговина

Руски политички науки

Москва, Руска Федерација

Журнал Глобални процеси

Флорида, Мајами, САД

 

 

8. Интернационална Конференција

„Охрид – Водици, 2020“

-Охрид, 17-19 јануари 2020

ПОВИК ЗА ТРУДОВИ

Современи предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство

Интернационалниот Совет на музеите на своето 34 собрание кое се одржа годинава во Кјото, Јапонија донесе Резолуција со која заклучи дека постојните човечки потреби на планетата Земја се неодржливи; планетата со своите жители, луѓето и животните се соочуваат со серија на преплетени случувања во однос на никогаш претходно сретнати општествени кризи и слични кои се однесуваат на животната средина. Соодветно истите резултираат со пораст на нееднаквоста, војни, сиромаштија, климатски промени и губење на биодиверзитетот, кои пак од своја страна исто ги нагласуваат споменатите кризи.

Во минатите неколку децении, човечките активности како што се: климатските промени предизвикани од човечки фактор и другите влијанија на истиот, како на пример, на екосистемот, ги трансформираа природните системи на Земјата, надминувајќи ги капацитетите и нарушувајќи ги механизмите за саморегулација со неповратни последици за глобалното општество. Човештвото веќе е сериозно загрозено од постојните системски еколошки промени како што се климатските промени и промените на употреба на земјиштето (особено намалувањето на шумски површини). Горенаведените достигнаа степен до кој еколошките основи на човештвото и природните системи кои ги одржуваат другите врсти и ги сочинуваат непроценливите екосистемски дејства да се изложени на огромна опасност.

Човечките дејства создаваат растечки вредности на загадување до степен кој денес доведува да истите се препознаваат како најголем првичен ризик за човековото здравје низ целиот свет. Континуирано живеејќи на работ на, или надвор од еколошките граници, како локално така и глобално, ќе резултира со драматично тешки дури и невозможни услови да се постигне просперитет, правда, еднаквост и здраво функционирање или живеење на сите единки. Потребата на човештвото да остане во рамките на безбедносниот простор на функционирање во границите на планетата и потребата да се искорени сиромаштијата и да се забрза општествениот и економски развој се поврзуваат со концепт на “безбеден и еднаков простор за човештвото“. Да се биде во чекор со овој опсег на човечки предизвикани штети, вклучително и климатските промени, уништувањето на шумските површини, губењето на биодиверзитетот, недостигот на природни извори, загадувањето и последователните влијанија на природата и истовремено поврзаните влијанија врз околината, представува огромен предизвик.

Изворните историски локации се особено подложни на покачувањето на нивото на морињата во целиот свет, зголемувањето на температурите и зачестените екстремни временски состојби позиционирајќи го културното наследство на првата и најизложена линија наспроти климатските промени и изложувајќи ги културните колекции како што се архивите, артефактите и уметничките дела на ризик. Нематеријалното наследство како што се јазиците и устните традиции паралелно водат своја битка за опстанок заради фактот што климатските промени се реална закана за општествените заедници и иницираат дислокации на општествените групи.

Особено, природното и културно наследство на Охридскиот регион е подложно на ризик, кој од дел од современите добра под заштита од УНЕСКО денес се третира како “загрозено природно и културно добро“. Заканите се однесуваат на природните вредности на сопственост на Светското наследство и главно се однесуваат на Охридското Езеро и Националниот Парк Галичица. Хидрологијата и биодиверзитетот на Охридското Езеро се подложни на разновидни влијанија и ризици вклучувајќи ги тука намалениот водостој како резултат на продолжените сушни периоди и антропогени фактори како што се неконтролираните отпадни води, загадување на водата како резултат на неадекватни системи за справување со отпадните води и забележителна еутрофикација на одредени места како што се устијата на реките кои се вливаат во езерото.

На подолг рок ова може да постави сериозни закани кон целокупниот езерски екосистем со неколку ендемски видови од кои некои веќе и се сметаат за загрозени. Исто така, постојат и основани стравувања околу урбаниот развој кој прилично е во замав како и несоодветната експлоатација на крајбрежните зони, што пак може да доведе до сериозно загрижувачка состојба, доколку навреме не се превземат активни мерки од страна на властите. Во ситуација во која имаме прилично добро заштитена срцевина на историски Охрид (стариот град), еден од главните фактори кој им штети и на езерото и на градот се градбите и нивниот развој кои веќе се реалност во урбаните населби, земјоделските и крајбрежни зони и од своја страна резултираат со загадување на водата, уништување на природната околина за опстојување, промена и губење на квалитетот на крајбрежниот пејсаж.

Предизвиците со кои се соочуваме како резултат на непостојаноста и влошувањето поради климатските промени, го наметнуваат прашањето и потребата од градење на програми кои ќе го вратат екосистемот во нормални граници и поддршка на имплементацијата на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Фактот што Охридскиот/Преспанскиот регион е прогласен за меѓуграничен резерват и биосфера под заштита на УНЕСКО МАБ Програмата дополнително ги отежнува, но истовремено отвора нови можности за развој на управувачки идеи и планови кои се однесуваат на одржливо користење и заштита на природното и културното наследство.

 

 

ТЕМИ НА ИНТЕРЕС

Се покануваат научници, докторанти и студенти на последипломски студии, истражувачи и заинтересирани вклучени во ефективна пракса од областа на: студии за заштита на околината, културно наследство, политички науки, економија, туризам, медиуми, архитектура, музеологија, архиварство, аудио-визуелни уметности, информатички науки и технологии, археологија, антропологија/етнологија, историја на уметност, географија, социологија, психологија и сите останати поврзани области, да ги достават насловите на која било тема поврзана со темата на конференцијата. Насловите може да имаат рефлексија на широк спектар на материјал поврзан со заштитата и управувањето со животната средина и културното наследство, одржлив развој, промоција, развој на туризмот итн.

Краен рок на пријавување: 22 декември 2019 (за учесници од Република Северна Македонија)

Известување за одлуката за прием: 24 декември 2019

Регистрација: 9 јануари 2020

Конференција: 17-19 јануари 2020

 

ПОДНЕСУВАЊЕ НА НАСЛОВИТЕ/ПАНЕЛИ или ПОСТЕРИ

Конференцијата нуди можност за индивидуално поднесување на наслови и предлози за панели. Сите апликации за наслови и панели треба да се испратат на е-пошта: conference.vodici2020@gmail.com до 17 декември 2019 година. Насловите примени после разгледувањенто на Бордот на програмата ќе бидат известени преку електронска пошта, најдоцна до 24 декември 2019 година. Апликацијата треба да содржи:

 

 

  • Наслов на трудот/панел или постер
  • Апстракт (исклучиво на англиски јазик) со не повеќе од 300 збора за индивидуални трудови, вклучувајќи ги тука главниот аргумент и заклучоците.
  • Апстракт (исклучиво на англиски јазик) со не повеќе од 500 збора за предлог панели, вклучувајќи ги тука и апстрактите на панел насловите
  • Име и звање на авторот/авторите на насловот
  • Кратка биографија на авторот/авторите на насловот, не повеќе од еден параграф
  • Електронска пошта, телефон и факс на авторот/авторите
  • Големината на постерите треба да биде 50 х 75 см.

 

ЈАЗИК НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Конференцијата ќе биде на англиски и македонски јазик.

СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО

Сите регистрирани учесници на конференцијата ќе добијат сертификат за учество на крајот на конференцијата

БРОШУРА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Сите апстракти после приемот за учество на конференцијата ќе бидат објавени во брошурата на конференцијата.

 

ЛОКАЦИЈА

Конференцијата ќе биде одржана во Охрид (или Струга), Македонија. Информација за точната адреса на просториите ќе биде доставена дополнително.

АГЕНДА

Конференцијата ќе започне на 17 јануари 2020 и ќе заврши на 19 јануари 2020.

Публикација (програма на конференцијата) од седмата по ред Конференција Водици-Охрид, „Идентитети, културно наследство и туризам како важни елементи од современото секојдневие и статистички факти од глобалните процеси“ ќе биде промовирана и доставена на 17 јануари 2020 година.

РЕГИСТРАЦИЈА

Постојат два вида на уплата за учество на конференцијата:

  1. стандарден вид на уплата во износ од 6.000 МКД ( за учесници од Република Северна Македонија)

Стандардниот вид на уплата вклучува: сместување за две ноќевања (сместување и појадок), регистрација, конференциски материјали (брошура на апстракти), дочек и прием, ручек и вечера, ужина, програма и забелешки од конференцијата (публикација на peer-viewed papers).

  1. Намален вид на уплата во износ од 2000 МКД (за учесници од Република Северна Македонија)

Намалениот вид на уплата вклучува: регистрација, материјали од конференцијата (брошура на апстракти), дочек и прием, ужина и забелешки од конференцијата (публикација на peer-viewed papers).

Уплатата за постери е 1000 МКД (за учесници од Република Северна Македонија).

СМЕСТУВАЊЕ

Трошоците за сместување ќе бидат покриени од страна на учесниците. Одборот за организација ќе организира сместување и ќе ги покрие трошоците за сместување за учесниците кои ќе одберат стандарден вид на уплата за регистрација. Подетални информации околу сместувањето ќе бидат дадени откако ќе бидат прифатени апстрактите од страна на учесниците.

ПАТУВАЊЕ

Трошоците за патување ги сносат учесниците на конференцијата.

ИНТЕРНЕТ СТРАНА НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

http://fon.edu.mk 

Веб страната на конференцијата ќе се обновува редовно за учесниците и присутните.

 

КОНТАКТ

conference@fon.edu.mk

conference.vodici2020@gmail.com

 

М-р Марина Врвцоска

marina.vrvcoska@gmail.com

Тел./Viber + 38970422287

 

М-р Сања Ангеловска

angelovskas26@gmail.com

Тел./Viber: +389 78356072

 

 

 

 

 

 

БОРД НА КОНФЕРЕЦИСКАТА ПРОГРАМА

Rubin Zemon, Ph.D. (FON University) Skopje, North Macedonia

Fariz Khalili, Ph.D. (MIRAS Social Organization in Support of Studying of Cultural Heritage) Baku, Azerbaijan

Luigi Santacroce, Ph.D. (Aldo Moro University), Bari, Italy

Boris Manov, Ph.D. (St. Neophil Rilski University), Blagoevgrad, Bulgaria

Kubilay Akman, Ph.D. (Usak University) Usak, Turkey

Ahmet Aytac, Ph.D. (Selcuk University) Konya, Turkey

Liljana Popovska Ph.D. (FON University), Skopje, North Macedonia

Margarita Matlievska Ph.D. (MIT University), Skopje, North Macedonia

Aleksandar Manasievski,Ph.D. (FON University), North Macedonia

Meli Shopi, Ph.D. (University of Elbasan), Elbasan, Albania

Hatidze Bersiha, Ph.D. (University of Belgrad), Belgrad, Serbia

Marijana Secibovic, Ph.D. (VSTIM College), Konjic, Bosnia and Hercegowina

Refik Secibovic, Ph.D. (VSTIM College), Konjic,Bosnia and Hercegowina

Jasminka Simic, Ph.D. (Radio-Television of Serbia), Belgrade, Serbia

Ferenc Mislivetz, Ph.D. (Institute for Advanced Studies) Koszeg, Hungary

Nadzyea Cherepan, Ph.D. candidate(European Humanities University), Vilnius, Lithuania

Dejan Metodijeski, Ph.D. (University Goce Delchev, Stip), Skopje, North Macedonia

HH Princess  Karina Bagration, Ph.D. ( Swiss Institute for Cultural Diplomacy), Genf, Swiss

Zoran R. Vitorovic, DID (Ph.D), (Editor-in-Chief, Global Processes Journal), Miami, USA

Andrey Gorokhov, ( Eidtor-in-Chief, Russian Political Science), Moscow, Russian Federation

Jose M. Cosmelli, Ph.D. ( Rector, Pro Deu Malta University), La Valletta, Malta

 

 

 

ОРГАНИЗАЦИСКИ ОДБОР

 

  1. Dejan Panoski (chair) dejpan11@gmail.com
  2. Aleksandar Manasieski, Ph.D. co- chair aleksandar.manasievski@fon.edu.mk
  3. Prof. Zoran Vitorovic, Ph.D. co-chair (editor@gpjournail.org)
  4. Margarita Matlievska Ph.D. mmatlievska@yahoo.com
  5. Verica Dzijanovska   vericadzijanovska@yahoo.com
  6. Marina Vrvcoska M.A. marina.vrvcoska@gmail.com
  7. Sanja Angelovska M.A. angelovskas26@gmail.com

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?