X
press enter »
MK
EN

Edubuntu Linux & Open Office

Оваа книга е наменета за почетниците кои за првпат се среќаваат со оперативниот систем Linux или се префрлаат од оперативниот систем Microsoft Windows. Одредени делови од книгата може да им бидат корисни и на понапредни корисници на Linux кои немале можност да се сретнат со Ubuntu или пак дел од неговите апликации. Изберена е дистрибуцијата Ubuntu бидејќи е ориентирана за обичните корисници, лесна е за инсталација и користење, подржува огромен број на апликации за секаква намена, нејзината популарност е огромна и има добра Интернет поддршка. Постојат голем број на Linux дистрибуции но повеќето од нив го користат стандардното множество на апликации. Оттука произлегува и нашата верба дека книгава нема да биде со краток век, туку дека ќе биде од корист и при користењето на другите Linux дистрибуции, како и на наредните нови верзии на Ubuntu.

Огромен број од задачите кои ги извршуваат корисниците се со апликациите за канцелариско работење. Тоа се задачите за уредување на текст, табеларно пресметување, изработка на презентации, цртање и креирање на релациони бази на податоци. Во книгата е опфатен пакетот Open Office, кој нуди современи програми за оваа намена.

Книгата е наменета и за сите оние кои работат со Edubuntu, сроден проект на Ubuntu. Edubuntu се состои од голем број на образовни и научни апликации и претставува додаток на стандардната верзија на Ubuntu.