Освен во сферата на наставата и едукацијата, активностите на Американскиот Универзитет на Европа- ФОН се насочени и во следење на модерните европски и светски трендови кои подразбираат отвореност во комуникацијата, создавање простор за меѓународна мобилност на студентите, мобилност на наставничкиот и соработничкиот кадар преку размена во рамките на високообразовните институции, размена на студиски програми, учество во меѓународни проекти финансирани од ЕУ, организирање на заеднички симпозиуми, советувања и слични активности со други високообразовни институции како од Република Македонија, така и од Европа и пошироко. Во таа насока, АУЕ-ФОН има склучено договори за соработка со низа реномирани универзитети, факултети и институти од земјата и од странство, а покрај склучените договори, во тек се преговори за воспоставување на соработка и со други домашни и странски високообразовни установи.