Историјат
Овој универзитет е основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Во 2005, со воведувањето нови академски области, станува ФОН Универзитет.
Американскиот универзитет на Европа (АУЕ-ФОН) е прв приватен универзитет во Република Северна Македонија.
АУЕ-ФОН за македонските студенти ќе овозможи американска наставна програма до глобална платформа на либерален концепт на образование.
Истовремено, ќе претставува центар за привлекување на регионални и меѓународни студенти заинтересирани да го осознаат овој концепт на либерално високо образование, како и посебноста и убавините на Република Северна Македонија. Бидејќи образованието нема граници, така тие не постојат ниту за AUE - FON.