Порака од претседателот на АУЕ-ФОН
Изборот на универзитет и на факултет е една од најзначајните одлуки во животот на секој човек. Сите млади луѓе со право си го поставуваат прашањето каде да се здобијат со планираната академска титула и притоа да имаат ниво на знаење и на оспособеност кое гарантира успешна животна кариера.
Сигурни сме дека Американскиот универзитет на Европа ФОН преку современиот начин на настава и на интерактивна работа со студентите во духот на Американскиот систем на образование успешно ќе ги оствари целите и задачите на квалитетна и на модерна високообразовна институција.
Отвораме нови можности за сите студенти да ја изградат својата иднина како афирмирани и подготвени за предизвикот на новото време во бизнисот, во институциите и организациите во европскиот и во светскиот деловен систем.
Искрено Ваш
Фијат Цаноски