X
press enter »
MK
EN

Организација

Зошто да се студира на АУЕ-ФОН Универзитетот?

Студирањето на АУЕ-ФОН Универзитетот е поинаку базирано од студирањето на другите универзитети. На овој универзитет се поаѓа со идејата дека универзитетското оспособување на младите студенти не се сведува само на книги, читање, пишување и на изработени проекти. Тоа е поврзано и со активно учество на студентите во наставата и во нивните активности за лично интелектуално созревање. Како што тоа бидува тоа во обичниот живот, од вашата ангажираност зависи колку ќе добиете од универзитетските години. На АУЕ-ФОН Универзитетот се нудат голем број алтернативи, упатства и можности да се оспособите за своите идни професии и да бидете успешен човек во животната кариера. Затоа АУЕ-ФОН Универзитетот е вашиот најдобар избор.


 

Како изгледа студирањето на АУЕ-ФОН?

Вашите универзитетски години се време кога инвестирате во Вашата иднина. Вашите академски залагања и активното учество во наставниот процес ќе Ви помогнат во развојот на Вашиот интелект. АУЕ-ФОН универзитетот ќе ви понуди начини и средства со кои ќе се оспособите за Вашата избрана кариера. Студентските активности го шират Вашиот интелектуален и деловен хоризонт. Можностите за интерактивност, дружење, клубовите, забавите и за другите содржини на студентскиот живот, како и студентските публикации на Универзитетот. ќе Ви овозможат натаму да ги развиете своите таленти и евентуално да откритете нови таленти во себе.

Вложете ги времето, умот и духот во АУЕ-ФОН Универзитетот и уживајте во одните животни благодети што ќе произлезат од Вашиот несебичен труд и од посветеноста во студентските денови. Ние го следиме и го потпомагаме секој Ваш чекор на тој пат.