X
press enter »
MK
EN

ИСТОРИЈА

Универзитетот е автономна приватна непрофитна високоoбразовна и научна институција, основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Основач на првиот приватен универзитет во државата е господинот м-р Фијат Цаноски. Во 2007 година, со воведување на нови академски области, станува Прв приватен универзитет-ФОН. Како резултат на значителниот подем во својот развој и големиот интерес за едукација, ФОН-Универзитетот освен во Скопје отвора три диспанзирани одделенија во Струмица, Гостивар и Струга. Денес функционира диспанзираното одделение во Струга.

Следејќи ги светските трендови во високото образование, а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите, во 2020 година универзитетот се ребрендира и се преименува во Американски универзитет на Европа-ФОН.

Универзитетот изминативе 19 години од своето постоење, постојано инвестира во својот раст и унапредување, затоа што сме свесни дека инвестициите во образованието ги покренуваат иновациите, креираат нови вредности и преставуваат клучна алатка за трансформација.

Па така, со континуираните инвестиции денес Американскиот универзитет на Европа-ФОН поставувува светски стандарди и услови за академски развој на секој поединец, ја стимулира конкуренцијата и придонесува за обликување на берзата на трудот.

Како водечка високообразовна институција во приватното образование, Американскиот универзитет на Европа-ФОН, во својот состав има факултети кои вршат наставна високообразовна дејност на прв и втор циклус на студии, а наскоро ќе започне и со трет циклус на студии, при што на студентите им овозможува да се едуцираат од најдобриот академски наставен кадар од земјата и од странство.

Дополнително, Универзитетот ги спојува знаењето и искуството, истражувањето и практиката, а мултидисциплинарниот пристап којшто го применуваме има стратешка улога во пресретнување на потребите на претприемништвото и за приспособување на студентите со промените со кои светот се соочува денес.

Од основањето до денес, на нашиот Универзитет своето високо образование на прв и втор циклус на студии го завршиле повеќе од 9000 студенти, што претставува бројка за почитување и доказ за остварување на заложбите на универзитетот, да обезбеди знаење верифицирано со дипломи кои се подеднакво вреднувани како во земјата, така и во странство. 

Американскиот универзитет на Европа-ФОН останува фокусиран на трансформација на животот и на заедницата преку квалитетно образование!

ВИЗИЈА

Да се забрза напредокот на општеството со оддржување на статус на најдобра етаблирана средина за учење, која континуирано го зачувува и пренесува знаењето во корист на мудроста на човештвото.

МИСИЈА

АУЕ-ФОН е високообразовна институција од дваесет и првиот век, која на посетителите им овозможува прогресивен и напреден начин на размислување, при што согласно агендата на ООН 2030, се поттикнува критичката мисла, приспособливоста, различноста и одржливоста.

ВРЕДНОСТИ :

ПОСВЕТЕНИ на успех на нашите студенти;

КВАЛИТЕТ со воспоставување на современи едукативни програми кои ги следат потребите и барањата на модерното општество;

ВЛИЈАНИЕ врз развојот на општеството;

КРЕАТИВНОСТ која се рефлектира во нашата отвореност за нови идеи;

ИНТЕГРИТЕT со етичко однесување во севкупната интеракција и воспоставување на перформанси што водат до постигнување на академски и кариерни цели;

ЕПМАТИЈА  која се рефлектира во подобрување на човековата состојба и личниот развој на нашата заедница.