X
press enter »
MK
EN

Последипломски студии

АУЕ - ФОН оваа академска година нуди финансиска поддршка за втор циклус на студии. Редовната школарина за упис на втор циклус студии изнесува 1600 евра за IV година и 2000 евра за V година, во денарска противвредност. Уплатата може да се изврши еднократно со 5 % попуст, на четири рати или 12 месечни рати преку Халк Банка. Универзитетот нуди можност за финансиска поддршка а истовремено овозможува и да работите додека студирате преку можноста Студирај и работи. За повеќе информации за овие можности потполнете ја апликацијата за упис на студенти со притискање на овој линк.

Документи за упис, кои е потребно да ги доставите на Универзитетот се:

  • Пријавен лист
  • Диплома / уверение за завршен прв циклус студии;
  • Додаток на диплома;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение / решение за државјанство;
  • Уплата на првата рата од годишната школарина;
  • Две фотографии;
  • Потврда за уплата на вкупно 1.500,оо денари за издавање на индекс, студентска легитимација и студентска организација (еднократна уплата).

Американскиот Универзитет на Европа - ФОН ви нуди можност за студирање на последипломски студии (втор циклус на студии) на следните факултети:

За повеќе инфо тел: 070/345-999   маил: upisi@aue.edu.mk