X
press enter »
MK
EN

Факултет за правни и политички науки

 

Правни науки:

Акредитации 2022/23

Акредитации:

Политички науки и дипломатија:

Акредитации:

Правни студии

Правничката професија е една од најстарите и  најреномираните професии во секое општество. Нејзината слава е заслужена бидејки е поврзана со знаење и заштита на основните вредности на кои почива општеството: правдата и човековите права. Таа го конципира и политичкиот систем и сиот правен сообраќај на секое општество, од неговиот Устав до целината на законодавството.

Од тие причини, интересот за студирање на правните науки секогаш е огромен кај студентите. Правничката професија е поврзана со широк спектар на занимања во државата, меѓународната заедница и организации, деловниот свет и невладините организации. Правосудниот систем (судството, обвинителство, адвокатура и друго) е конципиран и остваруван од правниците и нивното знаење и чувство за одговорност и правда. 

 

Политички науки и дипломатија

Политолошката професија е во исклучителен подем во демократските држави па и во Република Северна Македонија. На политичките студии и дипломатија во состав на Факултетот за Правни и политички науки на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН се конципирани најновите компаративни програми за студирање за овие науки кои се покриени со исклучително квалификуван наставен, научен и образовен кадар. Студиите развија најдобра  меѓународна мрежа во државава на соработка со рангирани факултети во областа и им овозможуваат на студентите чести студиски престои во демократските европски земји и универзитети. Политичките студии работат интезивно на неколку долгогодишни проекти со репрезентативни партнери од ЕУ земјите и регионот во кој нашите студенти се вклучени долж студирањето. Студиите создаваат можност за вработување во државната администрација, правосудниот систем, меѓународните организации, невладините организации, бизнисот, политичките организации и др.

Цели на факултетот

Цел на факултетот за правни и политички науки при АУЕ-ФОН и на двете студии правни и политички на своите студенти им овозможува најдобри услови за нивно квалитетно студирање преку обезбедување на квалитетен научен и образовен кадар, најдобри студиски програми по стандардни научни дисциплини и секојдневна комуникација и интерактивност со наставничкиот и соработничкиот кадар. Оваа цел факултетот ја остварува и преку супериорна организациска и просторна подготвеност. Во наставниот процес на студентите им се овозможува да учествуваат во научно истражувачка работа на проекти и пракса во институции и компании.

 

Факултетот за правни и политички науки е стандардизиран со т.н. Болоњска декларација за кредит трансфер системот на студирање, со што на студентите им е овозможено да се вклучуваат доколку сакаат и во наставата на други универзитети во државата и надвор од неа.