Факултет за странски јазици

Акредитации:

Барате нешто ново во високообразовната понуда во Р. Северна Македонија? 
Ве интересираат странските јазици, науката за јазикот, образованието, наставата по странски јазици на сите образовни нивоа? Сакате да учествувате во креирањето на млади умови, а со тоа и иднината на својата земја?

Ве привлекува анализа и преведување на книжевни и стручни текстови од странски на македонски јазик и обратно, едновремено осознавајќи ги изразните можности, нијансите и богатството на мајчиниот и на странските јазици, сакате да навлезете во спецификите на учењето мајчин и странски јазик како и во традиционалните и современите методи на подучување?  

Со еден збор, сакате да бидете: Професор по англиски јазик или да се здобиете со / да стекнете звање Магистер по применета лингвистика.

Ги сакате странските јазици? Размислувате да започнете свој сопствен бизнис, да го развивате Вашиот семеен бизнис, да работите во управата или во логистичката поддршка на претпријатија чија дејност е меѓународна трговија, да бидете претставник на странско претпријатие во нашата земја, претставник на домашно претпријатие во странство, во администрацијата на државно или на локално ниво? Имате љубопитство за знаења од областа на јазикот и интеркултуролошката комуникација применувани во деловната сфера?

Со еден збор, сакате да дипломирате на насоката Странски јазици и бизнис или да  се здобиете со звање Магистер по меѓународен бизнис со странски јазици.

ФАКУЛТЕТОТ ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ при Американскиот Универзитет на Европа-ФОН ви го нуди токму тоа!

На Факултетот за странски јазици ќе го изучувате англискиот јазик како главен предмет, но паралелно со него и втор странски јазик по Ваш избор, како и можност за трет јазик.  Внимателно обмислената комбинација на теоријата и праксата ќе Ви овозможи да се стекнете со знаења/компетенции неопходни за потребите на новото време и да одговорите подготвено на работното место.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?