Факултет за спортски менаџмент

Акредитации:

 

Задоволство ни е да Ве запознаеме со Факултетот за спортски менаџмент при Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, Скопје, кој има за цел едукација на:
- дефицитарниот профил – спортски менаџер и 
- профил кон веќе зголемената побарувачка спортски педагози – професори по спорт и физичко образование.

Почитувани читатели, идни студенти, пријатели... Се надеваме дека преку ова наше обраќање ќе најдете се што Ве интересира за нашите академски студии по двата горе наведени модули, ќе ги запознаете нашите програми, просторните услови, опремата и условите за студирање. За сите останати информации обратете се лично во просториите на АУЕ-ФОН.
Универзитетот и поконкретно до Факултетот за спортски менаџмент.

Факултетот за спортски менаџмент ви ги овозможува сите потребни знаења, вештини и компетенции, кои утре Ви го гарантираат успехот во деловниот свет на спортот и во сите други сродни сегменти од кои општеството има потреба.

Со почит,
Наставниот кадар на
Факултетот за спортски менаџмент

Зошто кинезиологија и спортски менаџмент?

Кинезиологијта денес се смета за мултидисциплинарно научно поле во кое доминира експерименталниот пристап во истражувањата на принципите и законитостите на човековата телесна активност и вежбање. Спортот, како во глобални така и во локални рамки, е значајна и брзо – растечка индустрија, која бара професионалци во сите сфери на неговото управување. 

Факултетот за спортски менаџмент нуди уникатни програми на додипломски и последипломски студии кои ќе ве подготват за бројни работни можности во денешната динамична спортско – образовна и спортска индустрија без разлика дали вашите интереси лежат во управувањето со корпоративни спонзорства, спортски организации, организација на спортски манифестации, промоција на нови спортски гранки, политика на спортски развој, или едноставно сакате да се вклучите во образованиот систем и да делувате во организираниот програмски физички развој на учениците, да ги мотивирате да спортуваат, да откривате млади спортските таленти и соодветно да ги насочувате кон определени спортови.

 

Преглед на студиската програма

Студиската  програма на Факултетот за спорт и спортски менаџмент при АУЕ-ФОН е направена согласно поставените регулативи и стандарди на Еропската рамка на кфаликфикации (ISCO класификација), кои ги има прифатено државата. Компатибилна е со одредени Универзитети од Шангајската листа рангирани во првите 100, односно со Факултетите кои имаат програми по спортски менаџмент и програми по спорт и физичко образование, а се рангирани како најдобри во областа.

Целта на студиската програма спорт и спортски менаџмент, со своите два модули: спорт и физичко образование и спортски менаџмент, е да овозможи современ и квалитетен процес на образование на идните студенти за перманентно научно, професионално и стручно нивно усовршување. На тој начин конструктивно ќе се поврзи физичкото воспитание, спортот и спортскиот менаџмент со општествената средина и свеста за потребата од ваквите кадри ќе биде на повисоко ниво. 

Четиригодишните студиски програми се заокружена целина наменета за едукација на кадри кои управуваат со спортски организации, спортски менаџери – застапници на спортисти, како и вклучување на спортистите по завршување на нивната професионална кариера во деловниот свет.

 

Стручно – образовниот кадар  по спорт и физичко образование во текот на академските студии ќе стекне компентенции за квалитетно водење на спортските активности во наставата од сите степени на образование. Од друга страна,  голем придонес во развој на спортот има и управувањето, па затоа академскиот кадар по спортски менаџмент се клучен ресурсен фактор во соодветна организациска поставеност и овозможуваат непречен трансфер на информации и спортски знаења. Во таа насока од посебно значење за праксата, но и научно-итражувачката работа е досегашната едукација на кадри од оваа област на нашиот факултет, а потребата континуирано расте. 

 

Компетенции стекнати со студирањето

 

Со завршуавњето на студиите на Факултетот за спортски менаџмент по програмите за спорт и физичко образование и спортски менаџмент, дипломираниот студент стекнува високостручна и професионална способност со темелни теоретски, методолошки и апликативни знаења во областите на:

  • Спортската методика
  • Кинезиолошките мерења и истражувања
  • Техника и тактика
  • Функционална анатомија и физиологија
  • Спортска психологија и педагогија
  • Спортски менаџмент
  • Спортски маркетинг
  • Спонзорски односи и продукција на спортски манифестации
  • Спортско брендирање
  • Управување со спортски објекти
  • Спортски туризам

Можности за вработување

 

Дипломираниот спортски менаџер својата професионална реализација ја остварува во:

  • Администрација на спортски клубови
  • Агенција за млади и спорт
  • Национални спортски федерации
  • Општински спортски сојузи
  • Маркетинг агенции
  • Спортско – рекреативни организации
  • Менаџирање со спортски комплекси и спортски содржини во хотелски ресорти, кампови
  • Менаџирање со велнес и спа центри
  • Менаџирање со спортски школи за различни видови на спортови.

 

Дипломираниот спортски педагог – професор по спорт и физичко образование, својата професионална реализација ја остварува во:

  • Основното и средното образование
  • Детските градинки
  • Високото образование
  • Училишните спортски клубови
  • Училишните спортски секции

Студентска пракса

 

За време на студиите студентите имаат задолжителна пракса во училиштата (на часовите по физичко и здравствено образование и спортски активности) и при организација на спортски манифестации, во спортските клубови, федерации како и владини тела одговорни за спорт под стручен надзор од професори – ментори. На тој начин студентите директно се вклучуваат во секојдневните активности и проблемски прашања во функционирањето на истите, се запознаваат со специфичноста на управувањето и администрацијата, стручната работа на наставникот, тренерот и спортистите, како и секојдневно присуство на тренинзи од секаков тип со цел поконкретно запознавање со различните спортови.

 

Зависно од контактите кои АУЕ-ФОН ги има остварено (или се во тек) со други Високо - образовни институции во и надвор од државата, како и успешни спортски организации, најдобрите студенти имаат можност за спроведување на дел од својата студиска пракса при што се здобиваат со драгоцено искуство во градењето на својата идна кариера.

 

Со вклучувањето непосредно во работата на спортските организации низ секојдневните средби, студентите воспоставуваат контакти со спортистите, административните и раководни лица, што е од големо значење при нивното вработување после дипломирањето. Низ својата пракса студентите работејќи на конкретни проблеми ги применуваат своите стекнати знаења и развиваат потребна вештина, бидејќи спојот на формална едукација и работни искуства стекнати уште за време на студирањето е најдобра гаранција за создавање на идна успешна кариера

 

Гости предавачи

 

Признати македонски спортисти и стручни лица од областа на спортот учествуваат како гости предавачи во теоретскиот и во практичниот дел на наставата. 

 

Тука помеѓу многуте би ги истакнале: Индира Кастратовиќ, Владимир Богоевски, д-р Сашо Поповски, д-р Васил Тупурковски, Благоја Георгиевски – Буштур, Шабан Сејдиу, д-р Милош Вучидолов, д-р Димитрија Поповски, Атанас Костовски, Александар Тасевски, м-р Руждија Калач, д-р Здравко Тројачанец, Јован Попоски, д-р Зоран Ханџиски и други.

Од видни светски спортски имиња како предавач го издвојуваме Винсент Дел Боске Гонзалез – врвен спортски менаџер, до неодамна селектор на Шпанската фудбалска репрезентација.

Активности на факултетот

Во насока на збогатување на наставниот процес и во интерес на студентите и нивното знаење Факултетот за спортски менаџмент организира низа на активности, а како дел од нив ги издвојуваме:

  • Посета и запознавање со активностите на Македонскиот Олимписки Комитет.
  • Посета и предавање во просториите на Сојузот на спортови на град Скопје.
  • Запознавање со функционирањето на Сојузот на спортски федерации на Македонија.
  • Организациска поставеност и реализација на час по физичко воспитување.
  • Учество во организација на меѓународни и национални спортски случувања.
  • Теренска настава по скијање.
  • Спортски туризам
  • Летно логорување
  • Трибина, предавања и обуки за потребите од менаџмент во спортот, иновативни технологии во делот на наставата и раната спортска селекција. 
  • Учество на научни конференции. 

Наши студенти – врвни спортисти (СПОРТ алумни)

 

Наше задоволство е што изминативе дванаесет години сме избор на врвните спортисти и други релевантни лица во спортот. Факултетот во континуитет одржува комуникација со своите дипломирани и магистрирани студенти, кои својата професионална реализација ја остваруваат во национални и меѓународни спортски институции, а дел од нив се:

  • Емил Рајковиќ – тренер на КК „Астана“, и селектор на кошаркарска репрезентација на Казахстан.
  • Дејан Лекиќ – менаџер на спортски случување во Европската кошаркарска федерација – FIBA – лига на шампиони.
  • Вук Карановиќ – менаџер за развојни програми во Европската одбојкарска федерација – CEF.
  • Горан Киров – прв тренер на ФК „Обервинтетур“ – Винтетур (Швајцарија), фитнес тренер и тренер на фудбалска екипа во интернационално училиште „Зумикон“ – Цирих (Швајцарија).
  • Влатко Трајчевски – тренер по одбојка.
  • Илија Мартиноски – тренер по тенис, тениски клуб „Тенис парк“, Скопје. 
  • Горан Стаменов – професор во спортска гимназија и тренер по пливање во ПК „Вардар 2018“, Скопје.
  • Златко Мокров – професор по кашарка во спортска академија и тренер на млади категории.
  • Елена Чуркоска – генерален секретар на кајакарска федерација на Македонија.
  • Ване Милков – тренер на ФК „Беласица“.
  • Предраг Јанчевски – кооснивач и уредник на веб портал за спортски новости „Јави се јужна“. 
  • Наташа Андонова – капитен на македонката фудбалска репрезентација, жени.
  • Горан Насто – Агенција за млади и спорт (АМС) – сектор млади.
  • м-р Гордана Нацева – спорски директор
  • м-р Стевче Алушевски – тренер на РК „Вардар“, Скопје
  • м-р Александар Тодоровски – селектор на македонска кошаркарска репрезентација, мажи.
  • м-р Игор Паскоски – тренер во џудо клуб „Миоки“, Скопје.
  • м-р Весна Балазоска Милошевиќ – спортски администратор, спортски центар „Биљанини извори“, Охрид. 
  • м-р Златко Јанакиевски – персонален кондициски тренер во врвниот спорт.
  • м-р Кристијан Кајчевски – професор во спортска гимназија и кондициски тренер во спортски клубови.
  • м-р Борче Јовановски – селектор на репрезентација во нордиско скијање.

Што кажаа за нас?

 

Изјави на студенти, и авторитети од областа на спортот во Македонија

 

Томче Брајановски, дипломиран студент на Факултетот за спортски менаџмент:

Креативен сум и сакам предизвици, од секогаш ме интересирал спортот, сум вложил во него и сакав да придонесам за неговиот развој во нашата земја. Незнаев како да го остварам тоа, да направам кариера, да бидам реализатор и иницијатор на моите идеи, да ја искористам мојата енергија и спортски дух. Студиската прогарама на Факултетот за спортски менаџмент при АУЕ-ФОН ми го овозможи тоа. Покрај теоретското знаење, ја добивам и најдобрата практична настава преку која покрај од одличниот и отворен наставен кадар можам да учам од веќе докажани спортисти и видни луѓе во македонскиот спорт.

Едноставно со сето тоа се едуцирам и насочувам во мојата спортска и менаџерска кариера. Го споив убавото со корисното.

 

Робертина Мечевска, ракометен репрезентаивец – дипломиран студент на Факултетот за спорт и спортски менаџмент:

Се запишав на факултетот за спортски менаџмент, затоа што беше прв факултет кој ги спои спортот и менаџментот во Македонија, а тоа ми изгледаше како шанса за усовршување на моето знаење и напредок во мојата кариера како ракометарка.Задоволна сум од програмата и од тоа што факултетот нуди одлични услови за студирање и она што мене како репрезентативец ми е многу важно е поддршката на наставниот кадар во остварувањето на моите спортски цели прилагодувајќи се кон моите професионални обврски кон државата.

 

Сашо Поповски, генерален секретар на Македонскиот Олимписки Комитет:

Потребата од соработка со високошколска институција, во рамките на академското изградување на спортистите/студенти е огромна. Особено во 21 век, кога науката е длабоко поврзана со спортскиот резулат, Македонскиот олимписки комитет, смета дека соработката со АУЕ-ФОН ќе донесе долгоречни квалитетни придобивки. Важноста на науката, следењето на најновите научни истражувања, водењето на статистичките податоци и воопшто, практичното инволвирање и имплементирање на наведените се исклучително важен момент за развојот на спорот во државата.

MOK заедно со АУЕ-ФОН, преку имплементација на најновите научни достигнувања и вклучување во спортскиот систем на модерни спортски менаџери може да обезбеди многу подобри услови за нашите спортисти и на тој начин да реализира достигнувања од највисок спортски и олимписки дострел.

 

Индира Кастратович, најдобар светски ракометен десен бек, најдобар стрелец:

 

Кога зборуваме за спортот денес, тој има голема и широка улога во секое општество. Кај голем број на луѓе спортот, освен што има натпреварувачки карактер, претставува и секојдневен начин на живеење како и извор на позитивна енергија. Спортот стана значаен облик на економска активност на општеството, а спортската индустрија важна стопанска дејност. Поради овие причини во Македонија се наметнува потреба за образование на висококвалификувани кадри во различни спортски дејности.

 

Конкретно во Македонскиот спорт, пред студиите на АУЕ-ФОН немало стручни кадри од профилот спортски менаџмент кои се неопходни како во спортските клубови така и во другите системи на спортот (спортски федерации, спортски објекти итн.)

 

Важноста на школувањето на спортски менаџери е од големо значење од повеќе причини. Менаџерите во спортот ќе најдат професионален ангажман во јавната управа и приватниот сектор(профитен и непрофитен). Од причина да што повеќе професионалци земаат учество во планирање, организирање, раководење и контролирање во спортот, ја давам мојата целосна поддршка на Факултет за спортски менаџмент за образување на кадри од ваков вид.

 

Александар Тасевски, поранешен одбојкарски репрезентативец, учесник на Олимпсики Игри и носител на европски одличја:

 

Она што долго време недостасуваше, апотребата беше повеќе од очигледна е токму спортскиот менаџмент. Модерното сваќање за развој на спортот во целиот свет е во тесна спрега со менаџментот, а фактот дека факултетот за спортски менаџмент при АУЕ-ФОН веќе неколку години успешно функционира, дава гаранција дека и Македонија полека се приближува до останатите земји кои одамна го практицираат ваквиот развој. Искрено се надевам дека Факултетот за спортски менаџмент понатаму ќе продолжи да твори ваков кадар што е гарант дека ќе имаме квалитетен, а со самото тоа и побрз развој на спортот во целина.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?