Факултет за дизајн и мултимедија
Акредитации 2022/23
Акредитации:

Целта на Факултетот за дизајн и мултимедија е да подготвува дипломирани дизајнери во областите: графички дизајн, мултимедија и моден дизајн. Студиската програма на Факултетот за дизајн и мултимедија овозможува изведување на современа, квалитетна и интерактивна настава, со примарна цел: подготовката на студентите за успешна кариера во комплетна образовна, уметничка и научно-истражувачка средина.
Големата потреба на индустријата, медиумите, институциите на културата и уметноста, како и на другите дејности, за високо образовани кадри од областа на дизајнот и мултимедијата, претставува основа за образовно, истражувачко, уметничко, научно и стручно дејствување на факултетот.
Наставната програма на Факултетот за дизајн и мултимедија е во согласност со програмите на светските универзитети од областа на дизајнот. Академските цели на студиската програма се образување на кадри кои покажуваат солидни познавања, професионалност, кретативност и експертиза во дизајнерските дисциплини.

Дизајнот и мултимедијата се исклучително комплексни дисциплини кои се моќни во творечка и истражувачка смисла. Ликовниот и аудиовизуелниот ракопис, креативните иницијативи и идеи, како и интердисциплинарноста на дизајнот и мултимедијата, корпоративно и најјасно ја обликуваат современата креативна комуникација. Потребни се континуирани вложувања во изучувањето и надградбата на оваа област. Дизајнoт и мултимедијатa, по својата суштина ги поврзуваат со уметничките вештини, креативните концепти и знаењето речи си сите научно-истражувачки и уметнички полиња и области класифицирани во Меѓународната фраскатиева класификација и како такви, директно учествуваат во развојот на квалитетот на живеењето.

Факултетот за дизајн и мултимедија ја остварува својата високообразовна дејност преку изведување на студии од прв и втор циклус. Студиите се организирани по модел 4+1, при што првиот циклус студии имаат времетраење од 4 години, а студентот се здобива со минимум 240 ЕКТС, додека вториот циклус трае 1 година, а студентот се здобива со 60 ЕКТС.
Професионалните цели се поставени така да студентите се стекнат со практични вештини и теоретски познавања во полето на дизајнот со нивно профилирање во одредена дизајн област (графички дизајн, мултимедија и моден дизајн).
Област Графички дизајн:
Во областа Графички дизајн се образуваат графички дизајнери, како автори на графички производи и комуникации.
Студентите се оспособуваат за креативна творечка работа во дизајнирањето на графички производи кои се изучуваат на исти или сродни студии во светот. На студиите се стекнуваат знаења и вештини потребни за креирање и практична изведба на графички и сликовни презентации со цел визуелна комуникација на дадена порака.
Студентите го изучуваат дизајнот и визуелното обликување преку посочување кон актуелните движења и современите начини за размена на знаење.
Студентите од областа на графичкиот дизајн учат да развиваат концепти и дизајн решенија за визуелно обликување на графички решенија наменети за печат или електронска употреба. Комбинирајќи ги вредностите кои настануваат со употреба на линијата, формата, бојата, типографијата, текстурата, големината, просторот...Студентите професионално се изразуваат низ цртежи, слики и ликовни дела со креативен пристап кон совладувањето на ликовната теорија, стрипови, storyboard, векторски графики, како дизајнери на layout, логоа, логотипи, книги, списанија, концептуални проекти, билборди, монограми, летрермак, знаци, симболи, пиктограми, постери, корпоративни материјали, буклети, книги на графички стандарди, кинетичка типографија, сценографски поставки, графички решенија на мрежни страни и мрежни медиуми итн.
Токму затоа, колешките и колегите кои низ исклучително интерактивниот процес на едукација стекнале диплома за совладаните методски единици од оваа област, се потврдени професионалци, чии што дела не познаваат географски, јазични, техничко-технолошки и останати граници, личности кои имаат извонредни можности за вработување во еминентни и профитабилни фирми и институции, како и можност за самовработување, особено денес, низ сите актуелни он лајн платформи за работа или со физичко присуство на своите работни места.
Област Мултимедија:
Во областа Мултимедија се образуваат дизајнери кои творат систем на мултимедијални дизајнерски дела како и анимирани и аудиовизуелни дела за медиуми и најсовремените форми на комуникации. Овие дизајнери се креативни двигатели на корпоративни кампањи за услуги и продукти, изработка на анимирани филмови, рекламни пораки, сегменти од гејминг индустријата и тродимензионалното моделирање на форми, а со стекнатото знаење и вештини се оспособуваат да дизајнираат, дефинираат пораки и обезбедуваат комуникациии со широк спектар во кои креативниот пристап е во најтесна комуникација со категоријата време. Во таа смисла се изучуваат: 3Д моделирање, анимација, дигитална аудиовизуелна продукција и постпродукција на анимирани, филмски, телевизиски и записи за мрежните медиуми, како и ликовно и аудиовизуелно оформување на карактери позадини и останати форми, кои својата употреба, при соработка со останати соработници од различни научни-истражувачки и стручно-уметнички дисциплини можат успешно да финалиираат проекти речиси сите клсифицирани научно-истражувачки подрачја, полиња и области од меѓународната фраскатиева класификација на научно-истражувачки и уметнички, полиња и области.
Студентите стекнуваат посебни знаења и вештини, во кои низ универзална и во сите подрачја од светот, препознатлива и унифицирана семиологија, синкретички владеат со едноставни и чисти пораки, оформени од тродимензионално моделирана форма, звучна кулиса, слика, фотографија, осветлување и сценографски концепт, драматуршка поставеност, режиски пристап и кинематографско оформување на аудиовизуелен запис, кинетичка типографија, анимација, простор и време.
Студиите интерактивно се усогласени со актуелните барања во поглед на современите системи и форми на комуникациите, адаптирани кон секоја посебност на различните културолошки, едукативни, научно-истражувачки и стручно-уметнички достигнувања, кои по завршувањето на студиите дозволуваат професионални ангажмани како дизајнери, аниматори, аудиовизуелни уметници, креатори и изработувачи на 3Д модели, карактери и позадини за гејминг индустријата, изработка на специјални ефекти за делата на „седмата“ уметност и моќно владеење со формата на пораките на мрежните медиуми, уметнички директори, сет дизајнери,...
Мултимедија е нова област на дизајнот, која интерактивно се развива и поприма исклучително значајни димензии во системот на комуникации во целиот свет. Според тоа се создава одлична перспектива за вработување на дизајнери од овој профил насекаде во светот.

Област Моден дизајн:
Во областа Моден дизајн, се образуваат творци на едни од најатрактивните видови производи – модните производи. Овие дизајнери се исклучително значајни за индустријата, малото стопанство, пазарот, како и за целокупното стопанство и општеството, а особено за уметничкиот израз кој го дефинира стилот на секој поединец. Благодарение на модниот дизајн, функционалноста, естетиката и ергономичноста, предметите за облекување достигнаа високо ниво, според што модата е поставена во најатрактивните области на дизајнот.
Студентите од областа на модниот дизајн развиваат разбирање на областа на дизајнот, со акцент на модниот дизајн и индустрија, текстил, модните додатоци, но и упатеност кон актуелните движења во модата. При тоа, учат за развој на концепти и дизајн решенија за модни колекции, нивна практична изведба и презентација. Студиската програма е со таква структура, што студентите ги оспособува за дизајнирање на нова мода која има исклучително економско, социолошко, естетско и психолошко влијание на луѓето. Голем дел од нив како костимографи, ја збогатуваат магијата на сценско уметничките вредности на балетот, операта, театарот и филмот. Истовремено, студентите стекнуваат познавања за изработка идејна модна колекција, мудборди, текстилни карти, изработка на текстури и печатени мотиви на текстил, оформување на модна силуета, а студентите стекнуваат знаења и вештини и за техничко изведување и реализација на модните колекции од масовниот старт односно Prêt-à-Porter до високата мода, односно Haute couture, совладувајќи ги успешно 2Д и 3Д формите на текстилните креации низ техниките на мулаж и драпирање, употребувајќи современи софтверски алатки во функција на традиционалните вредности.
Да се биде дизајнер, да се биде уметник значи да се верува во животот.
Доколку сакате да погледнете дел од делата на нашите студенти можете да ја посетите мрежната страна :
https://www.auefondesign.com/?fbclid=IwAR0bEHsCEN0juThXPOWdMApuDSe8QZjAZcAw4J1NsSDikhrLg0Y0S9VgDCs
или профилот на Факултетот за дизајн и мултимедија на FB:
https://www.facebook.com/profile.php?id=100038756595262