Двојна диплома SWISS UMEF

Американскиот универзитет на Европа- ФОН и SWISS UMEF Универзитетот од Женева, Швајцарија потпишаа договор за издавање на двојни дипломи. Основан во Женева на 26 април 1984, UMEF е престижен, приватен универзитет со високо квалификуван меѓународен академски кадар и со студенти од повеќе од 28 земји ширум светот. Со договорот, UMEF ги прифаќа и признава студиските програми од прв и втор циклус студии на Факултетите за економски и правно-политички науки на АУЕ-ФОН. Согласно ова, покрај дипломата од АУЕ-ФОН, студентите кои ќе дипломираат на овие програми ќе добијат официјална и меѓународно призната диплома и од UMEF.

Услови и на кого се однесува:

  • Студенти кои за прв пат се запишуваат на горенаведените програми
  • Студенти кои веќе се запишани на АУЕ-ФОН а сакаат дополнително да се регистрираат и на програмите за двојна диплома со UMEF

Поволности:

  • Македонска школарина
  • Квалитетно образование по меѓународни стандарди
  • Можност за студиски престој на кампусот на UMEF во Женева во траење од најмалку еден семестар
  • Швајцарска диплома со меѓународна акредитација[1]
  • Нови можности за професионален развој и вработување

Износ на школарина за прв циклус на студии

Школарината за прв циклус на студии изнесува 1700 евра, по курс на Народна Банка на денот на склучување на договорот.

Начин на плаќање:

1. На две рати:

- Првата рата при упис од 850 евра;

- Втората рата од 850 евра, уплата до 31.03.2021 година;

2. На студентите на Универзитетот АУЕ-ФОН им се овозможува да добијат по брза постапка субвенциониран студентски кредит преку ХАЛК Банка. Универзитетот ја покрива каматата за одобрениот кредит.

Износ на школарина за втор циклус на студии

  • Школарината за втор циклус на студии 4та година (специјалистички студии) за додипломците со завршени 3 годишни студии, вкупно 180 кредити, изнесува 2200 евра, по курс на Нродна Банка на денот на склучување на договорот. 
  • Школарината за втор циклус на студии 5та година (магистерски студии) за дипломците со завршени 4 годишни студии по стар систем или ЕКТС (3 години додипломски + 1 година специјалистички, вкупно 240 кредити) изнесува 2200 евра, по курс на Нaродна Банка на денот на склучување на договорот.

Начин на плаќање:

1. На две рати:

- Првата рата при упис од 1100 евра;

- Втората рата од 1100 евра, уплата до 31.03.2021 година;

2. На студентите на ФОН Универзитет им се овозможува субвенциониран студентски кредит по брза постапка преку ХАЛК Банка. Универзитетот ја покрива каматата за одобрениот кредит.

Износ на школарина за дополнителна регистрација на тековните студенти

  • Студентите кои веќе се запишани на прв и втор циклус студии на АУЕ-ФОН, за дополнителна регистрација на програмите за двојна диплома со UMEF плаќаат 600 евра, односно 300 евра по семестар.

За подетални инифмации обратете се во Канцеларијата за меѓународни односи на АУЕ-ФОН на телефоните: 02 2445 503 и 072 729 592 или на следната електронска адреса: igor.jovanoski@fon.edu.mk.


[1] UMEF е сертифициран од EduQua (Националното тело за оценување на квалитетот на високото образование во Швајцарската Конфедерација). Иста така има двојна акредитација на престижните ASIC (Британско независно тело  за акредитација на високообразовни институции ) и  IACBE  (Интернационалниот совет  за акредитација на универзитети на кои се изучуваат студиски програми поврзани со бизнис економијата). IACBE е призната и од CHEA - најголемата организација во Соединетите Американски Држави за оценување на квалитетот на високото образование.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?