Заедничка диплома CIFE NICA

Американскиот универзитет на Европа-ФОН и Европскиот Центар за Меѓународно Образование од Ница, Франција (Centre International de Formation Européenne – CIFE) воведуваат заедничка студиска програма за Напредни последипломски студии за интеграција во Европската Унија. CIFE е најстариот евро-федералистички институт во Европа, формиран во 1954 година во Ница, и еден од шестте корисници на поддршка на програмата Жан Моне на Европската Комисија. Претседател на CIFE e поранешниот претседател на Европскиот совет на ЕУ, г-динот Херман Ван Ромпуј. Претходно, функцијата ја извршуваше претходниот претседател на Европската Комисија, г-динот Жан Клод Јункер.  

Целта на заедничката студиска програма е оспособување со вештини за разбирање на институционалната, правно-политичката и економската рамка на Европската Унија (ЕУ) како и со главните аспекти на интегрирањето на земјите од Западниот Балкан во Унијата. Професионалните вештини и компетенции за работа во и со ЕУ, како преговарање, подготовка на анализи и проекти, ќе бидат посебно акцентирани. Накратко, програмата е наменета за студенти но и за професионалци кои веќе имаат диплома од хуманистички, правни или општествени науки а сакаат да се специјализираат во областа на напредните студии за интеграции во ЕУ. Програмата се изведува на англиски јазик од врвни европски и домашни експерти.

Со студиската програма се стекнува заедничка диплома која ја издаваат АУЕ-ФОН и CIFE.

  • Со целосно реализирана едногодишна студиска програма и стекнати вкупно 60 ЕКТС, односно вкупно 300 ЕКТС од прв и втор циклус студии, студентот се здобива со (научно) звање Магистер на Политички науки од областа на интеграцијата во Европската Унија.
  • Називот на англиски јазик со кој се стекнува студентот по завршувањето на студиската програма е Master in Advanced European Union Integration Studies.

Услови и на кого се однесува:

  • Кандидати со завршени соодветни четиригодишни студии од прв и втор циклус и стекнати 240 ЕКТС
  • Кандидати кои имаат завршено други сродни студиски програми за кои се определуваат дополнителни услови за упис

Поволности:

  • Квалитетно образование по меѓународни стандарди во изведба на врвни европски и домашни експерти
  • Теоретска наобразба но и силен акцент на практичните, програмски и проектни, вештини за работа со и во ЕУ
  • Можност за посета на најпознатите институции на ЕУ во Брисел, Стразбур и Луксембург. 
  • Заедничка диплома со национална и меѓународна акредитација[1]
  • Нови можности за професионален развој и вработување во институциите на ЕУ

Начин на плаќање

  • Цената на студирањето изнесува 2200 евра, односно 1100 евра по семестар
  • Можност за целосни или делумни стипендии

За подетални информации обратете се во Канцеларијата за меѓународни односи на АУЕ-ФОН на телефоните: 02 2445 503 или 072 729 592 и на следната електронска адреса; igor.jovanoski@fon.edu.mk


[1] CIFE е приватна институција во високото образавание со седиште во Ница и канцеларии во Брисел, Берлин и Истанбул која со заедничката диплома го потврдува успешното завршување на академската програма, притоа доделувајќи 60 ЕКТС на магистерско ниво.

 

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?