Центар за кариера и алумни, АУЕ-ФОН

Еден од најкарактеристичните атрибути на Американскиот универзитет на Европа - ФОН е перманантната грижа за професионалниот развој и кариера на студентите и алумните. Спојувајќи го формалното со неформалното образование, а во соработка со јавниот и приватниот сектор во државата, Центарот за кариера и алумни при Американскиот универзитет на Европа-ФОН, секојдневно вложува во подобрување на личниот и професионален развој на студентите.

Базиран врз институционализиран систем, Центарот за кариера и алумни, преку високо-квалитетни и ефективни туторски програми и обуки, студентите ги става во фокусот на вниманието се со цел остварување на мерливи резултати и стекнување на потребни компетенции за нивна конкурентска предност на пазарот на труд.

Дел од активностите кои ги спроведува Центарот за кариера и алумни при Американскиот универзитет на Европа-ФОН, се:

·       кариерно советување и туторски програми;

·       обуки и тренинзи;

·       летни школи и конференции;

·       соработка со компании и практична работа за студенти;

·       препораки за вработување;

·       стипендирање;

·       градење и зацврстување на односите со алумните на АУЕ-ФОН;

·       доживотно учење и

·       саем за кариера и алумни.

 

Саемот за кариера и алумни кој е во организација на Центарот за кариера и алумни, е место каде студентите се во дирекна комуникација со работодавачите и можност за обезбедување на релевантни информации во однос на планирањето на нивната идна кариерата и професионален развој. Саемот дава можност студентите да најдат работа, соодветна пракса, стажирање, да земат учество во проекти, семинари, обуки, истражувања, да бидат регистрирани и вмрежени во база на податоци на работодавачите.

КАКО И ЗОШТО ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА КАРИЕРА И АЛУМНИ ПРИ АМЕРИКАНСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ НА ЕВРОПА-ФОН ?

Центарот за кариера и алумни, ги задоволува потребите на студентите и алумните на Американскиот универзитет на Европа-ФОН, но истовремено тој е отворен и за секој кој сака да ги користи неговите услуги, и тоа како за луѓето од образовниот систем (средношколци, студенти, професори, обучувачи), така и за луѓето од приватниот и јавен сектор (директори, менаџери, вработени). Центарот нуди лепеза на услуги прилагодени на специфичните потреби на неговите корисници, кои се спроведуваат од тим на професионалци и обучени студенти, за што Центарот соработува со инстутуциите од јавниот, приватниот, образовен и не-профитен сектор. Преку отворената канцеларија на Американскиот универзитет на Европа-ФОН, веб-страната и медиумските промоции, Центарот за кариера и алумни е корисен не само за студентите на АУЕ-ФОН, туку и за секој оној кој веќе го препозна како вистинско место за свој личен професионален развој и кариера.

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?