X
press enter »
MK
EN

АУЕ-ФОН оваа академска година нуди систем на рано пријавување за трансфери од други универзитети. Школарината за упис изнесува 675  евра во денарска противвредност за академската година во која студентот ќе изврши трансфер, а секоја наредна година 1350 евра во денарска противвредност. Уплатата може да се изврши еднократно со 5 % попуст, на четири рати или 12 месечни рати  преку Халк Банка. 

Документи за упис, кои е потребно да се достават на Универзитетот се:

  • Потврда за заверен зимски семестар за акдемската година 2021/2022 година од Факултетот од  каде се трансферира студентот

Откако ќе се добие за  студентот позитивен одговор од Министерство за образование и наука  и биде одобрен трансферот потребно е да се достават и останатите документи: 

  • Свидетелства од I (прва), II (втора), III (трета) и IV (четврта) година од  средно образование;
  • Додаток на сведетелство;
  • Диплома за завршено средно образование со положена Државна, односно Меѓународна матура;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение / Решение за државјанство;
  • Уплата на првата рата од школарината;
  • Уверение/Исписница за положени испити (од претходниот факултет);
  • Две фотографии и
  • Потврда за уплатени 800,оо денари семестрални трошоци.

Повеќе имформации може да се добијат на:

 Tелефон: 070/ 345 - 999  

Meилupisi@aue.edu.mk  или info@fon.edu.mk