Странски студенти

АУЕ-ФОН оваа академска година нуди систем на рано пријавување за прв и втор циклус на студии. Школарината за упис изнесува 4500 евра во денарска противвредност за една академска година. Уплатата може да се изврши еднократно со 5 % попуст, на две рати по семестар или 12 месечни рати  преку Халк Банка. Универзитетот нуди можност за финансиска поддршка а истовремено овозможува и да работите додека студирате преку можноста Студирај и работи. За повеќе информации за овие можности потполнете ја апликацијата за упис на студенти со притискање на овој линк.

Документи за упис, кои е потребно да ги доставите на Универзитетот се:

  • Пријавен лист;
  • Свидетелства од сите четири години на средно образование;
  • Додаток на сведетелство;
  • Диплома за завршено средно образование со положена државна односно меѓународна матура;
  • Диплома / уверение за завршен прв циклус студии (за упис на втор циклус на студии)
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение / Решение за државјанство;
  • Уплата на првата рата од школарината;
  • Две фотографии;
  • Потврда за уплата на 800,оо денари семестрални трошоци.

Кандидатите кои се странски државјани се запишуваат на студии под исти услови. Кандидатите кои средното образование го стекнале во странство треба да имаат решение од Министерството за образование и наука за признавање на образовна квалификација стекната во странство (нострификација). Кандидатот ги доставува и  документите врз основа на кои е извршено признавањето, во оригинал и нотарски заверен превод на македонски јазик. Странските државјани кои за прв пат се запишуваат на прв цилкус студии на македонски јазик, односно албански или англиски јазик доставуваат и потврда за познавање на јазикот на ниво најмалку Б2. Во случај кандидатите кои се странски државјани да не поседуваат потврда за познавање на јазик, истите можат да се запишат само на програмата за јазична и академска подготовка или испитот за јазична проверка да го полагаат на АУЕ - ФОН.

За повеќе инфо тел: 076225544; маил: upisi@aue.edu.mk

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?