Ректор

Ректор проф. д-р Билјана Пулеска ЈанушевскаФакултет за правни и политички науки
Порака од ректорот
Годините од матура, до стекнување на квалитетно високо образование, се години поминати во квалитетна академска средина, години поминати во креативност, учење, интелектуална енергија и севкупно проширување на границите на човечкото знаење и разбирање. Американскиот универзитет на Европа-ФОН (АУЕ-ФОН), е место кое ги следи предизвиците на брзото трансформирање на општеството, местo за интелектуална и образовна надградба, но сепак и место каде што креира заедништво и припадност. АУЕ-ФОН не е само институција, туку ентитет со срце и душа.
Со традиција на академска совршеност, главната мисија на Американскиот универзитет на Европа-ФОН е целосно насочена во имплементирање на универзалните образовни вредности со посебен акцент на стекнување на знаење, вештини и компетенции на нашите студенти, а во функција на подигнување на степенот на вработливост.
АУЕ-ФОН има акредитирано програми за прв и втор циклус академски и стручни студии во научните подрачја на техничко-технолошки науки, општествени науки и хуманистички науки за настава на македонски, албански и англиски јазик по највисоки Европски стандарди со примена на најсовремена технологија, мултимедијални предавални, сали, опремени лаборатории, амфитеатри, читални и библиотека.
Пристапот ориентиран кон меѓународната соработка и интернационализација е приоритет во образовниот процес на Американскиот универзитет на Европа-ФОН. Ние испорачуваме студиски програми заедно со странски универзитети кои се наши партнери, а со тоа и можноста нашите студенти редовно да партиципираат во програмите за академска мобилност и да се стекнат со прекугранично искуство.
Водени од искусен наставен кадар, го негуваме односот професор – студент на највисоко ниво. Овој однос кој е имплицитно воспоставен во текот на целото студирање, се развива чекор по чекор во една динамична, конкурентна и транспарентна академска средина која доведува до формирање на генерации на млади економисти, правници, политиколози, архитекти, програмери, дизајнери, криминалисти, спортски менаџери, професори по спорт, професори по јазици и книжевности и други профили кои во целост се спремни да се интегрираат на пазарот на труд на локално, регионално и светско ниво.
Освен во формалното образование нашите студенти се способни да носат информирани избори за својата кариера и стекнуваат практични вештини кои се релевантни за реалните потреби на работните места. Исто така, нашите студенти можат да ги демонстрираат и развиваат своите способности во спортот и уметноста, како и со учество во разни проекти за социјализација и општествена одговорност. Нашата цел е да се произведат професионалци, академски граѓани кои ќе предизвикаат позитивни промени во нивните животи и во општеството во целина.