Конкурс за запишување студенти на прв и втор циклус студии во академската 2020-2021. Преземи ТУКА.

Студирањето на Американскиот универзитет на Европа - ФОН е со самофинансирање. Оваа година АУЕ–ФОН им овозможува на македонските државјани 75% попуст, односно годишна школарина од 1000 евра за прв циклус на студии. Начин на плаќање:

1.     На две рати: 500 евра при поднесување на документацијата, 500 евра најдоцна до 1 февруари 2021.

2.     Преку моделите на финаниска поддршка.

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА:

1. АКО СИ ОДЛИЧЕН ПЛАЌАЈ КАКО НА ДРЖАВЕН

Американскиот Универзитет на Еворпа - ФОН отвара посебна квота за најдобрите 200 матуранти по 200 евра од семестар. Имаш одличен просек, тогаш можеш да имаш големи очекувања и високи академски достигнувања на нашиот универзитет,  а да плаќаш како на државен. Американскиот Универзитет на Еворпа Фон нуди можност на студии на три јазици англиски, македонски и албански. Изборот на јазик е твој, условите и квалитетот се исти.

Вие очекувајте успех, а ние ве очекуваме вас најдобрите! Студирај на  Американскиот Универзитет на Еворпа - ФОН по цена од државен и биди дел од програмата 200/200.

 

2. СТУДИРАЈ И РАБОТИ - ПРАКТИЧНА РАБОТА

Американскиот универзитет на Европа- ФОН ви ги отвара вратите кон уште една исклучителна практична програма ,,Студирај и работи” за ваше професинално доусовршување и градење на вашата биографија.

Да работите додека студирате е корисно за да ги намалите трошоците за вашето образование но уште поважно е што ви помагаме да обезбедите применливо работно искуство. Многу студенти се прашуваат, дали можам да работам додека студирам? Краткиот одговор е ДА, можете да работите додека студирате.

Целта на практичната програма ,,Студирај и работи” е да се помогне на студентот да развие вештини и способности кои ги поддржуваат професионалните студии и воедно го  подготвуваат студентот за работа. Приоритетите за иновативен практичен  пристап во наставата и учењето на АУЕ-ФОН целосно се идентификуваат со иновативните пристапи во образованието за постигнување одлични резултати кај студентите.

ОВА Е ОДЛИЧНА МОЖНОСТ за нашите студенти да научат важни вештини кои ќе им помогнат да станат професионалци во ИДНАТА ПРОФЕСИЈА. ГАРАНЦИЈА ЗА УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА ВАШАТА КАРИЕРА.

Иновативните практики и иновативното истражување во наставниот процес на АУЕ-ФОН се со целосна поддршка од нашите ,,ПАРТНЕРИ ВО УЧЕЊЕТО  односно големи и реномирани компании кои ќе ви овозможат да стекнете директно работно искуство.

Практичното знаење е нешто што неможеме да го научиме со читање книги, тоа се стекнува со решавање на вистински проблеми и практики, се идентификува со искуство, вредности, креативно размислување,интуиција, вештини, идеали и ставови.

ПРАКТИЧНОТО УЧЕЊЕ Е КЛУЧЕН ПРИДОНЕС ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНОВАЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, да ги споиеме теоријата и праксата за  СИГУРЕН ПОЧЕТОК НА ВАШАТА КАРИЕРА!

Меѓународни партнери: Titanium Capital; John Brademas Foundation; The World Union of Poets; The Arabian Culture and Information Center; The Arab Inventors; The Arab Science Club; Dituria a.s.-Slovakia; 

Локални партнери: Фабрика на знаење (Тутунска Банка; A1-Телеком; Renova; Фине-Космос;  Комерцијална Банка; Тиквеш; ТАВ; Грозд; Пофикс; Халк Банка; Комфи Анѓел; Фабрика Карпош; ЕВН; Европска очна клиника; Албанија Авио транспорт; Гуру харе; Euroimpex; Клиника Жан Митрев; Виталија; Попова Кула; АД Еуро Сиг –осигурување; Музеј на современа уметност; Рамстор; Витаминка-Прилеп; Еуролинк; Елем-ЕСМ; Филхармонија; Телеком; Прилепска Пиварница; Млекара Бимилк; Veze Sharri; Lecker).

Заинтересираните кандидати за оваа програма дополнително ќе бидат интервјуирани.

 

3. СТУДИРАЈ СЕГА, ПЛАТИ ПОДОЦНА

Американскиот универзитетот на Европа - ФОН и Халк Банка, во рамките на своите стратегии за унапредување на знаењето и помош во образовниот процес, потпишаа протокол за соработка и разбирање.

На идните студенти на АУЕ - ФОН им се овозможува да добијат по брза постапка студентски кредит за студии со 0% каматна стапка, односно Универзитетот ја плаќа каматата за кредитот. Студентскиот кредит изнесува до 250.000 денари. 

На овој начин ќе се овозможи растеретување на домашниот буџет на родителите и идните студенти. Притоа овозможувајќи врвни студии на сите меѓународно акредитирани факултети.

Поволностите на овој кредит се следните:

  • Максимален износ: до 250.000 мкд
  • Рок: 12 месеци
  • Грејс период: 6 месеци
  • Каматна стапка: 5% фиксна каматна стапка субвенционирана од страна на Универзитетот
  • Корисникот на услуги нема трошоци за обработка на кредитното барање, нема трошок за проверка во Македонско Кредитно Биро и нема трошок за апликација за кредит
  • Отплата во еднакви месечни ануитети
  • За овие кредитни производи може да аплицираат сите физички лица кои се во редовен работен однос.

Сите студенти ќе имаат можност да го користат и студентскиот пакет- Чиста 10ка на Халкбанк АД Скопје. Со студентскиот пакет студентите ќе добијат дебитна картичка со која ќе имаат можност да подигнуваат готовина од сите банкомати на сите Банки во земјата и во странство, бесплатно електронско банкарство, бесплатна мобилна апликација и без трошоци за водење на трансакциска сметка. Овој пакет е достапен за сите студенти на возраст од 18-24 години.

Трошоците за депозит, школарина и семестрални трошоци се уплаќаат на посебни уплатници на жиро сметката на Американскиот Универзитет на Европа- ФОН - 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка.

НАПОМЕНА: Заради ограничениот број на квоти за студенти, студентите имаат право да се запишат со потпишување на пред-договор за студирање кој стапува во сила по објавувањето на ранг листите.

 

Закажете состанок со нашиот кадар: finansiskapoddrska@fon.edu.mk; Тел: 02 244 55 55; 070 345 999.  

 

Студентско досие

Сите документи во оригинална верзија се чуваат во досието на студентот до завршување на студиите. Во приемниот лист кандидатот се изјаснува на кој факултет се запишува и на кој наставен јазик ќе ја следи наставата. На АУЕ-ФОН се организира настава на македонски, англиски и албански јазик. На студии може да се запише и лице кои средно образование стекнало во странска држава, доколку дипломата му ја нострифицира Министерството за образование на Република Македонија. Под истите услови, на студии може да се запише и странски државјанин. Студиите на АУЕ-ФОН се со лично финансирање. Плаќањето на годишната школарина и другите меѓусебни обврски и права на студентот и Универзитетот се уредуваат со Договор за студирање кој се склучува по објавување на конечната ранг листа на примени кандидати. Секоја академска година се состои од два семестра (зимски и летен).

Изведување на настава

Наставата се организира согласно Европскиот систем за трансфер на кредити (ЕКТС). ЕКТС претставува систем на академско признавање на студиите кој вклучува:

  • информирање за студиските програми и постигнувањата на студентот;
  • меѓусебната доверба на факултетите во состав на Универзитетот;
  • меѓусебно спогодување на партнерските установи на Универзитетот и другите универзитет во земјата и во странство;
  • употребата на кредити како мерка за оптовареноста на студентот.

ЕКТС се применува во остварувањето на студиските и на предметните програми за:
1. Стручно образование;
2. Додипломските студии (прв циклус на студии);
3. Последипломските - специјалистички¬те и магистерските студии (втор циклус на студии);
4. Докторските студии (трет циклус на студии);
5. Доживотно образование.

Предметите од студиските програми на факултетите во состав на АУЕ-ФОН универзитетот се едносеместрални. Ако природата на студиите тоа го овозможува, со студиската програма може да се прилагоди организацијата и временското распоредување на предавањата, семинарите и вежбите според можностите на студентите (вонредни студии).

Студентот има право испитите да ги полага преку колоквиуми. Во текот на секој семестар се организираат по два колоквиуми. Термините за одржување на колоквиуми се содржани во работниот календар за тековната учебна година.

Наставата и наставните активности во текот на еден семестар се организирани на следниот начин:

  • 6 седмици предавање и учење;
  • 1 подготвителна седмица пред полагање на првиот колоквиум;
  • 1 седмица за тестирање („колоквиумска седмица“);
  • 6 седмици предавање и учење;
  • 1 подготвителна седмица пред полагање на вториот колоквиум;
  • 1 седмица за тестирање („колоквиумска седмица“);
  • 1 подготвителна седмица пред завршното оценување;
  • 2 седмици за завршно оценување и испити.

Според ЕКТС завршната оценка за предметот кој се полага е збир на поени добиени од:

  • двата колоквиуми;
  • редовност во следење на наставата;
  • интерактивност во наставниот процес;
  • подговка на есеј, семинарски труд или проектна задача.

Во текот на студиите студентите имаат обврска да посетуваат практична настава.
Доколку студентот не го полагал испитот преку колоквиуми или доколку на тој начин не остварил доволно поени за пролазна оценка, има право испитот да го полага и во определените испитни сесии. Предметите за кои наставата се изведува во зимскиот семестар, студентот има право да ги полага во февруарската испитна сесија, а предметите за кои наставата се изведува во летниот семестар, студентот има право да ги полага во јунската испитна сесија.
Испитите по предметите кои нема да бидат положени во овие две испитни сесии, студентот може да ги полага во септемвриската испитна сесија.
По исклучок, на Универзитетот може да се организира и дополнителна испитна сесија ако координативното тело за спроведување на ЕКТС оцени дека за тоа има потреба. Одлуката за организирање на дополнителна испитна сесија ја донесува ректорот.

Систем за рано информирање

АУЕ-ФОН им овозможува на своите идни студенти да ги добијат сите информации поврзани со уписите и квотата на слободни места преку СМС или ВИБЕР. Податоците може да ги оставите со кликнување на следниов ЛИНК

ЗАПИШИ СЕ

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?