Американскиот универзитет на Европа-ФОН и групацијата НИКОБ

ДОГОВОРИВМЕ ИДНИНА!

Дали можам да работам додека студирам?
ДА, можете да работите додека студирате.
Американскиот универзитет на Европа-ФОН и групацијата НИКОБ како една од топ 100 најуспешни компании денеска потпишаа Меморандум со кој студентите на АУЕ-ФОН ќе имаат екслузивна можност да се стекнат со практична работа, да се здобијат со лиценци за обезбедување како и да работат part time и full time во оваа цената компанија, а при тоа непречено да ги извршуваат своите академски обврски.
Целта на практичната програма ,,Студирај и работи”, е да се помогне на студентот да развие вештини и способности кои ги поддржуваат професионалните студии и воедно го подготвуваат студентот за работа. Приоритетите за иновативен практичен пристап во наставата и учењето на АУЕ-ФОН, целосно се идентификуваат со иновативните пристапи во образованието за постигнување одлични резултати кај студентите.
ОВА Е ОДЛИЧНА МОЖНОСТ за нашите студенти да научат важни вештини кои ќе им помогнат да станат професионалци во ИДНАТА ПРОФЕСИЈА ПРАКТИЧНОТО УЧЕЊЕ Е КЛУЧЕН ПРИДОНЕС ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНОВАЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, да ги споиеме теоријата и праксата за СИГУРЕН ПОЧЕТОК НА ВАШАТА КАРИЕРА!
Биди дел од новото време.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?