Доделени дипломи на 346 студенти

На свечена церемонија, оддржана на ден 06.07.2021 година, вкупно 346 студенти (дипломци и постипломци) добија дипломи за завршени студии на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН.

Церемонијата се оддржа на платото пред Универзитетот, а дипломите беа доделени од страна на ректорот, професор д-р Мирко Трипуноски, деканите и претставници oд сите факултети, како и во присуство на оснивачот и сопственикот на приватниот универзитет во државата АУЕ-ФОН, м-р Сефер Цаноски.

Ректорoт на Универзитетот, професор д-р Мирко Трипуноски, по доделување на дипломите им даде пофалници на најдобрите студенти. Ангела Упеска, студент на втор циклус на студии од Факултетот за правни и политички науки е првенец за академската 2019/2020 година, а Никола Данаиловски, студент на прв циклус на студии од Факултетот за дизајн и мултимедија е најдобар студент за академската 2016-2017 година на АУE-ФОН Универзитетот.

Во рамките на свечениот настан, ректорот на АУЕ-ФОН, професор д-р Мирко Трипуноски на  младите дипломци им посака успешна кариера и изрази уверување дека тие ќе продолжат да ги негуваат вредностите и да го имплементираат знаењето и искуството стекнати на универзитетот во својот иден професионален ангажман. Повеќе слики од настанот можете да видите на нашите профили на социјалните медиуми. Facebook Instagram

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?