X
press enter »
MK
EN

Одржлив образовен систем гарантира препознатлива иднина за генерациите

Дваесет и четврти јануари е меѓународен ден на образованието, потврда на знаењето во етаблирање на меѓународната заедница за остварување на целите за образовен одржлив развој, како суштински успех кој обединува и мотивира широк спектар на ефекти и авторитети.

 Централното тежиште на годинешната порака за меѓународниот ден на образованието е фокусирана на “Промена на курсот и трансформирање на образованието” како цел која треба да ја зајакнува и витализира едукативната активност за обезбедување одржлива, инклузивна и предвидлива иднина на генерациите кои ќе ги остваруваат.

  За Американскиот универзитет на Европа – ФОН, преставува обврска, но и предизвик да биде дел од активностите за имплементација на проектот на УНЕСКО ООН, чија цел е зајакнување на ефективноста и ефикасноста на образовните процеси, виталноста на националните органи за споделување искуства и најсовремени пристапи, да се изгради одржлив, инклузивен и применлив образовен систем кој ќе гарантира препознатлива иднина за генерациите кои се образуваат, каде идеиите и интересите ќе не придвижуваат и определуваат колосек на кој ќе ги остваруваме заедничките интереси.

Затоа, почитувани идни и сегашни колешки и колеги,

Да го употребиме образованието како најмоќен чувар на хуманоста е привилегија и одговорност кон која малкумина можат да останат доследни во делата како возрасни индивидуи и креативни како деца.

Токму затоа образованието е, и секогаш ќе биде, мeгдан во кој теоријата ја моделира праксата, а таа, користејќи ги законите на природните науки ја корегира во секоја формула, реченица, хипотеза, доказ и методолошки пристап.  Едноставно суровиот и меркантелистички пристап во таа борба и единство на спротивности помеѓу теоријата и праксата, го изнедрува образованието кое има употребна вредност и создава нови вредности. Тие вредности  можеме да ги срочиме како животно искуство. Кога образованието станува процес на усовршување на искуството низ процесот на доживотно учење.

Почитувани мои,

Како економист дозволете ми да Ве потсетам дека инвестицијата во образованието како влог ни деривира највисока каматна стапка на добивка. Секогаш. Дури и кога се изгледа безизлезно, како во миговите кои не опкружуваат последните две години. Образованието, ни дозволува да се менуваме и адаптираме, а токму оваа можност ја доживуваме полесно и поконфорно ако сме доволно силно едуцирани бидејќи можеме да ги избереме најадекватните патишта за нас и нашите најблиски. Пренесувајте го образованието, бидејќи тоа како и љубовта со делење се множи. Чествувајќи пет години од неговото востановување од страна на ООН, веќе се јасно препознатливи влијанијата на квалитетните образовни системи врз совесноста и свесноста за човековите права, пронаоѓањето на нови клучеви од портите кои дозволуваат одржлив развој, како и постепеното тежнеење на човештвото да обезбеди можности за глобално и универзално образување и квалитетен живот, за секој поединец од планетата Земја.

Среќата на човекот е мерка на неговата подготвеност да ги прифати предизвиците на животот како учител на неговиот карактер и предизвик на успехот.

Искрено Ваш,

Проф. д-р Мирко Трипуноски

Потпретседател на Советот на основачи на Американскиот универзитет на Европа-ФОН