X
press enter »
MK
EN

ТРЕТ ЦИКЛУС НА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ДРЖАВНА МАТУРА

 

Почитувани матуранти!

Поради преголемиот интерес од Ваша страна по трет пат ги активираме апликациите за подготвителната настава за полагање државна матура. Изразуваме благодарност за довербата и огромниот интерес кој го покажавте во изминатиот период. Горди сме на повеќе од 4000 матуранти коишто се пријавија и активно ја слушаа подготвителната настава за државна матура во претходните два циклуси.

Американскиот универзитет на Европа - ФОН повторно за Вас ќе овозможи целосна подготвителна настава со полн фонд на часови, за да се опфати материјалот како би можеле да се подготвите за полагање на државната матура без да направите финансиски трошоци.  

Подготвителната настава со полн фонд на часови, ќе ја реализираат докажани универзитетски професори од АЕУ-ФОН.

Аплицирајте, оставете ги Вашите податоци и ќе бидете контактирани веднаш.

Ваш АУЕ - ФОН!