X
press enter »
MK
EN

СТУДИРАЈ НА АУЕ – ФОН, ПЛАТИ КАКО НА ДРЖАВЕН!

Американскиот Универзитет на Европа – ФОН стартува со кампањата „СТУДИРАЈ НА АУЕ – ФОН, ПЛАТИ КАКО НА ДРЖАВЕН“ за ранo пријавување.

Кампањата е наменета за ситe кои што се заинтересирани да студираат на некои од факултетите на АУЕ – ФОН.

Заинтересираните ќе имаат можност преку апликацијата на нашата веб страница да остават свои лични податоци и во рок од 48 часа пријавените ќе бидат контактирани од страна на наш тим.

Со овој начин на аплицирање, АУЕ – ФОН го применува холистичкиот, односно индивидуалниот пристап за упис на кандидатите врз основа на однапред утврдени критериуми како што се на пример: остварен успех, лични способности, квалитети и останати вредности. По разгледување на сите критериуми заедно, ќе бидете известени за поволностите и условите за студирање.

Поволностите од кампањата за рано пријавување  „СТУДИРАЈ НА АУЕ – ФОН, ПЛАТИ КАКО НА ДРЖАВЕН“ ќе може да се искористат само во месец април.

Слоганот за целокупната уписна кампања на Американскиот универзитет на Европа – ФОН за оваа академска година е „NEXT CHAPTER“.

Повеќе информации за кампањата која трае од 01 до 30 април, може да се добијат на телефонскиот број 076/22 55 44.

Отворете ново поглавје во животот и аплицирајте на https://forms.office.com/r/qEcWQQTnwZ

Ваш АУЕ- ФОН