X
press enter »
MK
EN

АУЕ – ФОН потпиша Меморандум за соработка со Агенцијата за млади и спорт

Американскиот универзитет на Европа  - ФОН денеска потпиша договор за соработка со Агенцијата за млади и спорт, кој предвидува заеднички активности за обезбедување на практикантска работа на студентите од областа на спортот и спортскиот менаџмент.

Во насока на остварување на континуираната соработка помеѓу АУЕ – ФОН и Агенцијата за млади и спорт, Меморандумот предвидува реализација на проекти од областа на спортот и спортскиот менаџмент во рамките на домашните и ЕУ фондовите, волонтирање и практикантска работа на студентите, како и учество во домашни и меѓународни спортски активности, натпреварувања и манифестации кои се во организација на Агенцијата.

Согласно Меморандумот, претставници од Агенцијата пак ќе имаат можност да учествуваат во спроведување на клиничка настава на Универзитетот, а наставниот кадар од АУЕ - ФОН ќе се вклучи во изработка на стратешки, плански и програмски документи за потребите на АМС.

Потпишувањето на меморандумот со Агенцијата за млади и спорт, за АУЕ – ФОН не значи само проширување на листата на соработници и партнери на Универзитетот, туку континуиран чекор за унапредување на образовниот процес преку размена на искуства и примена на иновациски пристап на работа, согласно потребите на студенти за нивниот професионален кариерен развој.