X
press enter »
MK
EN

Проф. д-р Мирко Трипуноски се стекна со престижното звање професор Емeритус

Проф. д-р Мирко Трипуноски, потпретседателот на Советот на основачи на Американскиот универзитет на Европа – ФОН се стекна со престижното звање заслужен професор или професор Емeритус.

Универзитетскиот сенат на АУЕ – ФОН му го додели звањето Професор Емeритус на професорот Трипуноски, откако го разгледа и усвои предлогот доставен од Комисијата за извештај и образложение составено од пет еминентни членови во состав: проф. д-р. Саво Ашталкоски, декан на Економскиот Факултет при АУЕ – ФОН, академик Абдуљменаф Беџети, ректор на Штуловиот Универзитет од Тетово, проф. д-р. Ванчо Узунов, универзитетски професор на УКИМ, проф. д-р. Томе Неновски, универзитетски професор и ректор на Американ Колеџ и проф. д-р. Софроние Миладински, универзитетски професор на УКЛО.

Комисијата за извештај и образложение како членови на комисијата за проверка и потврда на понудените факти, беа едногласни во оценката и заклучокот дека д-р. Мирко Трипуноски со својата досегашна  професионална работа се оформил во познат научен работник, инвентивен и плоден автор на широк опус на трудови, популарен и познат собеседник, наставник и општественик со што во целост ги исполнува сите услови да се стекне со звањето Професор Емeритус, како и  условите од член 141 и 142 од Статутот на АУЕ - ФОН и член 185 од Законот за Високо образование.

Долгогодишното наставно и истражувачко искуство, објавените трудови и учебници, учество на научни собири, сами по себе говорат за вредноста на работа и достигнувањата на Професор Емeритус Трипуноски во економската наука, маркетинг менаџментот и истражувањата во стопанството и јавниот сектор.

Професор Емeритус Трипуноски, кој е дел од АУЕ – ФОН речиси 20 години, се афирмира како познат и признат научен работник благодарение на своето учество и работа во бројни меѓународни истражувачки активности кои му донесуваат голем број на признанија. Трипуноски е познат и признат научен аналитичар во пошироките универзитетски кругови кој подеднакво, активно и продуктивно создава и објавува трудови, како во земјата, така и во странство.

Со објавени на повеќе од десетина книги и студии и повеќе од двеста рецензирани трудови, Професор Емeритус Трипуноски e навистина докажан плоден и креативен автор. Негов фокус низ неколку децениското академско работење се Економијата на развојот, одржливиот развој и маркетинг менаџментот во стопанството и јавниот сектор, како трајна и постојана преокупација, аплицирајќи ја синхронизираната систематизација на економските науки т.е. третирајќи ја развојната економија во неа меѓународните економски односи како применета економија на политичката економија што извира од нормативната економија и од пулсирањето на одржливиот економски/политички развој.

И на крајот, како исклучителна каректеристична и значајна вредност, д-р. Мирко Трипуноски е познат и признат наставник. Благодарение на неговото повеќегодишно успешно искуствo како професор и општественик , тој секогаш бил подготвен да контактира и комуницира, дебатира, кооперативно да полемизира и реплицира, да биде безмилосен кон себе како научник, но во истовреме да биде милослив и објективен кон своите студенти и собеседници. На овој начин, тој остварува непосредна, искрена и цврста соработка нè само со своите сутуденти, туку и со своите колеги, деловни партнери или пријатели.

Како наставник на АУЕ - ФОН, Професор Емеритус Мирко Трипуноски е ментор на повеќе од 250 магистерски и специјалистички трудови, ментор на два докторски трудови, а под негово менторство од асистенти во доценти се промовирани пет сегашни доценти и професори. Тој поседува акредитација за менторство на втор и трет циклус универзитетски студии како редовен професор во трајно звање.

Честитки за Професор Емеритус Мирко Трупуноски кој што продолжува активно и неуморно со својата работа да придонесува за развојот на АУЕ – ФОН универзитетот!