X
press enter »
MK
EN

Тренинг за вработените на АУЕ - ФОН за подобрување на менталното здравје

Денеска вработените во Американскиот универзитет на Европа - ФОН присуствуваа на предавање за важноста на нивното ментално здравје на работа и дома. Предавач беше Дафина Кирби, лиценциран тренер за трансформациски живот и тренер за здравје на мозокот, која живее и работи во Лондон.

Кирби  во текот на своето интерактивно предавање/обука објасни и сподели многу различни алатки и техники кои вработените можат да ги користат со цел да за заменат негативното размислување со позитивно.

Според Кирби човечкиот мозок има природна тенденција да се фокусира на негативните искуства (пристрасност на негативноста) повеќе отколку на позитивните; па затоа сподели искуства и знаење неопходно за да се разбере односот помеѓу мислите, верувањата, чувствата и нашето однесување.

Таа, исто така, зборуваше за важноста на нашата исхрана и начин на живот за нашата севкупна ментална и физичка благосостојба.