X
press enter »
MK
EN

АУЕ – ФОН потпиша меморандум за соработка со KARIERA.mk

Американскиот универзитет на Европа - ФОН потпиша меморандум за соработка со KARIERA.mk  платформата. Меморандумот за соработка денес го потпишаа ректорот на Американскиот Универзитет на Европа - ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и генералениот директор на KARIERA.mk, Зорица Бужаровска Бошковска.

KARIERA.mk како сервис нуди преглед на актуелни огласи за работа, достапни пракси, стипендии и останати можности за неформално образование и претставува модерна алатка за професионален развој на студентите и за сите оние кои се во потрага на нови предизвици во кариерата.

Оттука, меморандумот за соработка помеѓу АУЕ – ФОН и KARIERA.mk предвидува презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку одржување на работилници, саеми и предавања за можностите кои ги нуди KARIERA.mk платформата.

Дополнително, како резултат на меморандумот, предвидена е бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за сите студенти на АУЕ – ФОН, информирање за нови огласи за работа и пракса, техничка помош при процесот на барање работа кои ќе се реализираат преку организација на кратки обуки за креирање на CV и мотивациско писмо.

АУЕ – ФОН со оваа соработка ја покажува грижата за своите студенти, кои покрај квалитетното образование добиваат брз кариерен пристап и олеснување во новите професионални предизвици.