X
press enter »
MK
EN

Проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска е избрана за нов ректор на АУЕ - ФОН

Проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска на денешната седница на Сенатот е избрана за нов ректор на Американскиот универзитет на Европа – ФОН. Таа ја извршуваше функцијата в.д ректор на АУЕ – ФОН од декември 2021 година.

Пулеска Јанушевска е доктор на правни науки од областа на меѓународното право, која го започнува својот академски ангажман на АУЕ - ФОН во 2005 година. Има наставен ангажман по предметите Меѓународно јавно право, Меѓународно приватно право, Арбитражно право и Меѓународно трговско право.